Потомството на леопардите што сега живеат во резерватите во Сочинскиот национален пар, ќе бидат пуштани во дивата природа. Извор: AP.
Појавувањето на леопардот на територијата на резерватот „не е случајно, зашто токму тука <…> бројот на сите видови животни, кои се од интерес за исхраната на леопардот, е на мошне високо ниво“, се вели во соопштението на Министерството за природна средина на Руската Федерација.
„Сега ареалот на овој подвид е мошне фрагментиран и на голем дел од територијата леопардите се целосно исчезнати. Но, без оглед на тоа, регуларно, во период од 5 до 10 години се забележува појавувањето на леопардот во (Северен) Кавказ“, изјави шефот на ресорното одделение на Министерството за природна средина Антон Берсењов, чии зборови се цитирани во соопштението.
Напорна работа
Во моментов WWF заедно со Министерството за природна средина на Русија, со еден од ресорните институти на Руската академија на науките и со Московската зоолошка градина поддржуваат проект за зголемување на популацијата на предноазискиот леопард. Потомството на леопардите што сега живеат во резерватите во Сочинскиот национален парк, ќе бидат пуштани во дивата природа.
Во центарот за размножување и за рехабилитација на леопардот, кој се наоѓа во националниот парк, до неодамна живееја двајца мажјаци, Генерал и Алоус, кои беа донесени од Туркменистан во 2009 година, и две женки, Чери и Мино, кои беа донесени во 2010 година од Иран. Но, иранските и туркменистанските леопарди сега засега само се запознаваат, сè уште не се оформени двојки, па затоа за забрзување на проектот Светскиот фонд за дива природа (WWF) на Русија организираше превоз на веќе постојна двојка од Лисабонската зоолошка градина, кои во сочи беа „евидентирани“ како мажјак по име Задиг и неговата девојка Андреа. Двојката беше донесена од престолнината на Португалија со постојна авиолинија, а по патот грабливците направија дванаесетчасовна пауза во Москва.
„Уште од самиот почеток, кога програмата се разработуваше, ние решивме дека ќе земаме животни како од природата, така и од зоолошките градини. Сметаме дека следната година тие веќе ќе добијат деца, кои по адаптацијата од една и пол година ќе бидат пуштени во природа“, изјави директорот на Светскиот фонд за дива природа (WWF) на Русија Игор Честин.
Според неговата оценка, додека леопардите од Португалија се наоѓаат во резерватот, тие ќе се омачат најмалку два пати (четири до шест мачки). Потоа двојката ќе се врати во Лисабонската зоолошка градина, како што е предвидено според договорот.
Грабливците од Португалија веќе се подготвени за парење, тие веќе имаат потомци од три омачувања, кои се останати во „родната“ Португалија или се дадени во други зоолошки градини. Подраснатите мачки на леопардите кои можат да се родат веќе оваа година, ќе бидат пуштени во дивата природа на Кавкаскиот забел откако ќе бидат научени на лов и на други умешности.
Кон крајот на 2008 година со одлука на владата на Руската Федерација за финансирање на капитална изградба на центар за размножување и за рехабилитација на леопардот, кој претставува најдолгорочен дел на проектот, во рамките на програма за подготовка за Олимписките игри во Сочи одвоени се средства од федералниот буџет. Во мај 2010 година Владимир Путин, кој тогаш беше премиер на Русија, ја пушти од кафезот во волиерот на Сочинскиот национален парк една од двете женки леопарди, донесени во Русија од Иран.
На Далечниот Исток на Русија живее поинаков вид леопард, далекуисточниот (Panthera pardus orientalis), чија популација постепено се зголемува, благодарение на напорите на специјалистите.
Предноазискиот леопард беше практично целосно истребен на Кавказот кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. Порани овој подвид живеел на територијата на Северен Кавказ до Црвеното Море и од Босфорот до Пакистан. На почетокот на педесеттите години од минатиот век на рускиот Кавказ биле сочувани само неколку вакви леопарди. Денес леопардите мошне ретко доаѓаат тука преку заткавкаските републики од северен Иран. Според податоците на WWF вкупниот број на овие мачки изнесува помалку од 350: 30 на Кавказот, 200 во Иран и околу 110 во Туркменистан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче