Чернобилската нуклеарна електрана. Извор: Вероника Дорман.
Фотографии - Рикардо Маркина, музика - Lob Nor - "boss", уредник - Владимир Стахеев.
Леонид Александрович, дали во досегашната работа во Вашиот институт често ви се случувале да ви се обраќаат странски колеги со молба да им покажете како треба да се дејствува во кризни ситуации на нуклеарните станици, како треба да се подготват за тешки несреќи?
- Институтот оваа година ќе ја одбележи својата 25-годишнина и можам да кажам дека од првите години на нашето постоење разменувавме искуства со разни организации од различни држави. Во 1989 година беше организирана првата плодоносна размена на мислења за сите аспекти на чернобилската катастрофа. Ние долги години соработуваме со францускиот Институт за заштита од радијација и за нуклеарна сигурност, со американската Комисија за нуклеарно регулирање, со германското Здружение за реакторска сигурност. На пример, „Бекерел“, една од националните француски теории на деведесеттите години од минатиот век, во која се обидува да се симулира експлозија на истражувачкиот реактор недалеку од Париз, беше направен по наше сценарио, користејќи го чернобилското искуство, беше разработена со нашите француски колеги.
И треба да се каже дека вовлекувањето на учесниците во играта во таа стварност, која во многу што беше создадена врз темелите на чернобилската катастрофа, доведе до откривање сериозни проблеми во францускиот реакциски систем за радијациска катастрофа. За САД усовршувавме голем број специјални компјутерски кодови за тешки катастрофи на нуклеарните станици. Еден од тие кодови, наречен Мелкор, нашиот институт едноставно одново го осмисли и го напиша во соработка со американскиот институт Sandia National Laboratories. Со министерството за енергетика на САД, со одделот за меѓународна соработка на подрачјето на разработка на превентивни мерки за катастрофи го усовршуваме светскиот систем за заштита од катастрофи. Како пример можам да наведам дека нашиот „Речник за помош во соработката со јавноста и со прес-службите за време на катастрофи“ се покажа како мошне корисен и потребен во САД.
Катастрофата на Чернобилската нуклеарна централа, потоа во Јапонија: дали знаењето што го стекнавте врз основа на чернобилското искуство ви помогна во случајот со Фукушима?
- Тоа е тешко прашање. За да се одговори на него треба малку подлабоко да се погледне во историјата. Станува збор за тоа дека во текот на многу години како основна задача во ситуации на тешки катастрофи беше поставена заштитата на работниците во нуклеарните станици и на околното население. Искуството на сите минати несреќи, вклучувајќи ја и онаа на Фукушима, покажа дека таа задача не е точно поставена. Откога постои атомската енергетика, ако го земеме предвид сите тешки катастрофи што ни се познати, медицински последици по правило има помалку одошто во која било друга енергетика или индустрија. Но, сепак за технолошките и за природните катастрофи се заборава многу брзо, а радијациските катастрофи оставаат длабока трага во историјата на државата и на целото човештво. Причините за ова воопшто не се медицинските последици, туку колосалниот шок на кој подвргнува целото општество – општествен, економски, психолошки, па дури и политички.
Ајде да ја видиме ситуацијата во Јапонија. Жителите од околината на нуклеарната електрана Фукушима-1 воопшто не настрада од катастрофата, радијациската доза кај луѓето е на нула, тоа го признаа и најконзервативните меѓународни организации, американската агенција за заштита на човековата средина, која е „најзелена“ од сите структури на американската власт. Но, осознавањето на фактот дека она што е најстрашно во катастрофата на нуклеарната станица не се радијациските последици, туку дека најстрашна е опасноста од панична реакција на општеството и радиофобијата, сè повеќе излегува на виделина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче