10 технологии од иднината

Сега рокот на чување на органите при температура од 4 степени над нулата не надминува 24 часа, а развојот на криоконзервацијата би можел да го зголеми рокот на чување до една година и повеќе. Извор: PhotoXPress.

Сега рокот на чување на органите при температура од 4 степени над нулата не надминува 24 часа, а развојот на криоконзервацијата би можел да го зголеми рокот на чување до една година и повеќе. Извор: PhotoXPress.

За тоа кога од Москва до Владивосток ќе може да се стаса за три часа, кога ќе можеме со лифт да се качиме на Месечината и да видиме армија терминатори, се зборува во извештајот адресиран до Фондот за перспективни истражувања.

Специјалистите на Јавниот совет при претседателот на владината Воено-индустриска комисија Дмитриј Рогозин во својот неодамна објавен извештај му предложиле на рускиот Фонд за перспективни истражувања (ФПИ) десет, според нив, најперспективни високоризични научно-истражувачки програми.

Органите како резервни делови

Својот список авторите на извештајот го започнаа со биомедицинските технологии.

Според мислењето на специјалистите како резултат на првата програма треба да биде создавање технологии за итно спасување на животот, каде денешните методи се немоќни. Советот му предлага на Фондот создавање органи и ткива од сопствените клетки на човекот по пат на „нанесување на клеточна покривка на децелуларизираната протеинска или синтетичка конструкција со користење на фактори за раст за управувачка диференцијација на матичните клетки“ – се вели во извештајот.

Реанимациски робот-пајак

Авторите на извештајот сметаат дека е потребно да се разработи целосно роботизиран систем за давање медицинска помош не бојно поле. Тие сметаат дека еден ваков реанимациски робот би можел да ги подготвува ранетите за реанимација, со што значително би се намалиле загубите. Резултатите од програмата што се предвидуваат се создавање „робототехнички апарат-пајак“ за воените медицински групи или како дел од роботизираниот евакуациски комплекс.

Мобилен центар за крв

Одделна програма на ФПИ, според мислењето на авторите на извештајот, заслужува и производството на вештачка човечка крв и предлагаат да се размисли за идејата за создавање мобилни центри за производство на околу 100 килограми еретроцити на ден, а исто така и за фисиони тромбоцитни прекурзори и генетско-инженерни препарати.

Замрзнати органи

Уште еден важен проблем во јавниот совет сметаат дека е криоконзервацијата на човековите органи. Сега, според податоците на советот, рокот на чување на органите при температура од 4 степени над нулата не надминува 24 часа, а развојот на криоконзервацијата би можел да го зголеми рокот на чување до една година и повеќе.

„Живи фабрики“

Известувачите предлагаат исто така да се поработи на гориво од целулоза (биодизел) и на индустриски материјали со примена на најновите достигнувања во биохемијата и софтверот. Резултатот, како што го гледаат во јавниот совет, треба да биде ефикасно производство на конструкциски материјали и горива според методите на синтетичката биологија и на индустриската биотехнологија.

}

Вистински возови на акумулатор

Уште еден начин да се рашири базата на енергетски ресурси се акумулаторските батерии на нови принципи. Според мислењето на известувачите, како резултат на тоа во догледна иднина ќе се појават акумулатори со моќност од еден мегават и повеќе, кои ќе овозможат собирање електрична енергија за големите потрошувачи – возови, фабрики, цели населби.

Од Москва до Владивосток за 3 часа

Членовите на јавниот совет му предлагаат на ФПИ да размисли како да стане реалност хиперсоничен вакуумски воз – реализацијата на програмата за ваков воз и за воз на магнетна левитација (Наглев) ќе овозможи да се реши една многу важна задача, како што е поврзувањето на руските пространства. „Брзината на Маглев е до 600 километри на час, а брзината на вакуумскиот воз, во теорија, може да стигне и до неколку илјади километри на час. Тие би можеле за првпат да ја изедначат Русија со европските земји според брзината на внатрешниот транспорт: патот од Москва до Владивосток со надземен транспорт за два до три часа може да стане практична реалност“, велат во советот.

Авторите на извештајот не запираат тука и предлагаат да се направи хиперсоничен авион, кој ќе овозможи да се лета до Петропавловск-Камчатски за еден час, а до тихоокеанскиот брег на САД за два.

Лифт до космосот и рудници на Марс

Најамбициозна разработка во оваа група може да стане космичкиот лифт – трасиран транспортен систем. „Креирањето лифт <…> ќе ја направи економски оправдана експлоатацијата на природни ресурси од космичките објекти – од Месечината до Марс и астероидите, и ќе овозможи да се организира на орбитата собирање на тешки вселенски бродови за понатамошни летови во Соларниот систем“. Научно-истражувачката работа поврзана со космичкиот лифт, според податоците на авторите на документот, веќе се финансираат од страна на НАСА.

„Матрица“ на руски начин

Совет при претседателот на владината Воено-индустриска комисија му предлага на Фондот и разработка на низа системи за извидничко-ударните и извидничко-борбените комплекси. Според мислењето на известувачите, тие ќе влезат во состав на земните робототехнички средства и комплекси на беспилотни летачки апарати и ќе одржуваат врска со Единствениот систем за управување со војската за тактичка намена, а во перспектива можат да влезат во единствената „интелигентна мрежа“.

Терминатори во служба на армијата

Последен во списокот предложени проекти на Фондот е воената робототехника. Оваа задача е поделена на неколку компоненти. Тоа се, на пример, длабоководните роботи, автономни, со далечинско активно функционирање за сервисирање кабли и за истражување на океанското дно. Или височински беспилотен комплекс за извидување и за определување на целта со ултрадолго патролирање. Или надземен патролен робот на автомобилска шасија со висока преминливост, а исто така и егзоскелет, кој ја засилува мускулната сила на човекот. Впрочем, авторите на извештајот сметаат дека роботите уште долго нема да ги достигнат можностите на обичниот војник и на техниката што се управува од човекот.

Текстот на извештајот можете да го најдете на: http://www.nisse.ru/business/article/article_2030.html.

 

Рускиот фонд за перспективни истражувања

Создаден како аналог на пентагонската Агенција за перспективни истражувања (DARPA) Фондот треба да промовира ризични разработки во интересите на одбраната на земјата. Задолжителен услов е квалитативно нови резултати во воено-техничката, технолошката и во социјално-економската сфера. Буџетот на Фондот за перспективни истражувања во моментов изнесува 150 милиони рубли (околу пет милиони американски долари), но кон крајот на јануари раководителот на проектот вицепремиерот за одбрана Рогозин изјави дека тој треба да не биде помал од 3 милијарди рубли (околу една милијарда американски долари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња