Штрковите се враќаат

Извор: Игор Зарембо/РИА Новости.

Извор: Игор Зарембо/РИА Новости.

Секоја година враќањето на овој вид птици во Приморјето се совпаѓа со Меѓународниот ден на птиците, 1 април.

Првите далекуисточни штркови, кои се запишани во Црвената книга на Русија, за првпат годинава по зимувањето се вратија во Ханкајскиот забел во Приморскиот крај, соопшти за РИА Новости минатата недела претставникот на забелот Татјана Габељ. 

„Сега во Ханкајскиот забел започна масовно долетување на птиците. Меѓу нив е и далекуисточниот штрк – показател на благосостојбата и на чистотата на природата. Во приханската низина се гнездат околу 16 посебни штркови, и една од нашите главни задачи е да ја сочуваме популацијата на овие птици“, ни изјави соговорничката од агенцијата.


Секоја зима ние ја одржуваме акцијата за привлекување интерес кај учениците за прихранување на птиците.

Татјана Габељ,

претставник на Ханкајскиот забел

Според неа, освен далекуисточните штркови, во Ханкајскиот забел по зимувањето исто така се вратиле и други видови птици, кои секоја година се гнездат во Приморјето. Меѓу нив се и даурските и јапонските жерави. Нашата соговорничка забележа дека секоја година времето на праќањето на овие птици во Приморјето се совпаѓа со Меѓународниот ден на птиците. 

„Секако, се работи за совпаѓање, но за нас овој ден е повод да си споменеме за акциите за заштита на птиците што сме ги спровеле во текот на годината и да резимираме. Така, секоја зима ние ја одржуваме акцијата за привлекување интерес кај учениците за прихранување на птиците. Освен тоа ние, исто така, ние раздаваме флаери со повик за хуман однос кон птиците, а тоа е мошне важно во овој момент, во периодот на пролетниот лов“, појасни нашата соговорничка.

Птиците страдаат и од палењето на тревата и од шумските пожари, кои неретко се случуваат заради невнимателното ракување со огнот. 

Габељ вели дека речиси секоја година на границата со Ханкајскиот забел од човековата рака гинат ретки видови птици. Една од причините е незнаењето на ловците за тоа какви видови птици се наоѓаат под заштита, а исто така и желбата за да се погоди со оружје каква и да е птица. Освен тоа, птиците страдаат и од палењето на тревата и од шумските пожари, кои неретко се случуваат заради невнимателното ракување со огнот. 

„Од пожарите исто така страдаат и далекуисточните штркови, кои прават гнезда на дрвјата и се многу чувствителни на каква било опасности. Во исто време, во последниве години забележуваме зголемување на бројот на овие птици: во деведесеттите години од минатиот век се правеа само пет гнезда годишно“, додаде соговорничката.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња