Мали ќе се бори со руско оружје

Во септември минатата година беше потпишан договор за испорака на три илјади автомати Калашников во Мали, 300 митралези и муниција за нив во вкупна вредност од 12 милиони американски долари. Извор: AFP / East News.

Во септември минатата година беше потпишан договор за испорака на три илјади автомати Калашников во Мали, 300 митралези и муниција за нив во вкупна вредност од 12 милиони американски долари. Извор: AFP / East News.

Владата на Мали е заинтересирана за руската воена техника. Оваа африканска држава би сакала да купи партија хеликоптери, оклопни транспортери, борбени авиони и стрелечко оружје. Експертите се уверени дека договорот наскоро ќе биде склопен. Притоа Москва ќе може извлече од него не само економски, туку и политички поени.

Техниката им е потребна на војниците на Мали во борбата против исламистите која се води со поддршка на Франција и на низа африкански држави. 

Владата на Мали му се обратила на претпријатието „Рособоронекспорт“ со намера да купи оружје за својата армија. Оваа техника им е потребна на војниците на Мали во борбата против исламистите која се води со поддршка на Франција и на низа африкански држави. Покрај другото, станува збор за набавка на руски хеликоптери од типовите Ми-35 и Ми-17, борбени и транспортни авиони, оклопни транспортери од типот БТР-80, радиолокатор за противвоздушна одбрана, како и лесно стрелечко оружје и муниција. Ситуацијата ја коментира главниот уредник на неделникот „Воено-индустриски курир“ Михаил Ходарјонок. 

„Не е тајна дека во мали во моментов состојбата е вжештена. Прашањето е на која страна сепак ќе превагне тасот на тероризмот. Русија најмалку е заинтересирана за тоа Мали да ја изгуби својата државност и оваа централноафриканска држава да ја земат во свои раце исламистите. Русија покрај останатото има свои интереси во соседните земји на Мали. Затоа, очигледно, прашањето за испорака на хеликоптери и на оклопна техни, според мене, ќе биде решено позитивно. Како што ми се чини, договорот во врска со овие прашања веќе преминува на чисто практично ниво“, вели Ходарјонок.

Иако борбата во Мали ја предводи француската војска, експертите сметаат дека Париз нема да има ништо против склучувањето на договор за вооружување со Русија. 

Борбата со радикалите во Мали е под раководство на француските војници. Без оглед на тоа, експертите подвлекуваат дека Париз нема да има ништо против склучувањето на договор за вооружување со Русија. Напротив, Франција ќе го оцени вој чекор како руски придонес кон антиисламската меѓународна операција. 

Згора на тоа овој договор ќе му овозможи на Мали да ги зајакне своите врски со Африка во целост. Така, склучувањето на спогодбата ќе ѝ донесе на Русија не само економски, туку и политички поени, смета водечкиот научен соработник на Институтот за Африка Анатолиј Саватеев.

„Враќањето во Африка, а според мене ова треба токму така да се сфати, е сосема неопходно. Неопходно е да му се покаже на светот нашата тежина. Ова ѝ е неопходно само на Русија. Не зборувам за економските аспекти, ова пред сè се однесува на самосвеста на самата Русија. Онаа Русија која ја продолжи традицијата на СССР и која секогаш им помагала на слабите, понижените и навредените“, вели Саватеев. 

Треба да се додаде дека Москва и Бамако веќе имаат искуство во соработката во сферата на вооружувањето. Во септември минатата година беше потпишан договор за испорака на три илјади автомати Калашников во Мали, 300 митралези и муниција за нив во вкупна вредност од 12 милиони американски долари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.