Каде Русите ги кријат своите ракети?

Мобилниот модуларен ракетен систем CLUB-K, кој нема свој аналог во светот, претставува пресвртница во производството на најмодерно одбранбено вооружување. Секој комерцијален контејнерски брод од системот CLUB-K станува ракетен носач со невидена сила.

Нашата земја не само што непрестајно покажува дека е во состојба во најкраток можен рок да пороизведе и на пазарот да исфрли најсовремени системи за вооружување, ами овој пат нашите стручњаци претставија револуционерен пристап во проектирањето воена опрема. Според мислењето на директорот на концернот во кој е разработен CLUB-K Георги Анцев, влегуваме во ера на модуларно вооружување кога борбените системи ќе се комбинираат од различни базни сегменти. А, Русија е земја која во оваа сфера поставува нови стандарди. 

Идејата за интегрирање различно борбени системи во специјални мобилни модули не е нова. Меѓутоа, единствено кај нас се досетија во својство на тие модули да користат стандардни комерцијални контејнери од 20 до 40 стапки. Во нив се сокриени повеќенаменски ракети од типот Х-35УЕ, 3М14, 3М54, како и системи за извидување и командни борбени системи. За истата намена посебно се конструирани и беспилотни хеликоптери. Од контејнерските сегменти брзо и лесно можат да се конфигурираат одбранбени ракетни системи од која било огнена моќ и намена, а потоа и незабележливо да се преместуваат во соните на можните борбени дејствија. Секој комерцијален контејнерски брод со системите Club-K станува ракетен носач со огромна сила, а секој транспортен ешалон опремен со вакви контејнери или дури и конвој од обични шлепери, станува моќна ракетна единица која е во состојба да се појави онаму каде непријателот најмалку очекува. 

Оваа напредна технологија нуди голема предност преку високата мобилност и едноставноста во употребата, но и со неограничените можности за комбинирање. Повеќе нема потреба за специјални скапи транспортери и машини за товар и истовар, како и за многу други работи што се потребни за класичните ракетни системи. 

Ваквото ракетно вооружување станува финансиски достапно за секоја држава. Не е случајно што расте интересот за Club-K на светскиот пазар за воена опрема. Патем, појавата на првите вакви системи на меѓународните саеми уште додека беа како макета вознемири многумина на Запад, особено ако имаме предвид дека едно од значењата на англискиот збор „club“ е ќотек. Сосема е сигурно дека рускиот ќотек може секому да му го дотера умот. 

Секој комерцијален контејнерски брод со системите Club-K станува ракетен носач со огромна сила, а секој транспортен ешалон опремен со вакви контејнери или дури и конвој од обични шлепери, станува моќна ракетна единица која е во состојба да се појави онаму каде непријателот најмалку очекува.  

Меѓутоа, Анцев уверува дека нема потреба од страв зашто не станува збор за офанзивно, туку исклучиво за одбранбено вооружување. Club-K контејнерите спречуваат непријателската флота да се приближи на брегот и да изврши напад врз копнени цели. Секоја мета на оддалеченост до 300 километри ќе биде уништена со една прецизна ракета или со цел рафал, а притоа непријателот ќе има голем проблем да го види и да го препознае лансерот.

Системот конфигуриран за извоз за првпат беше изложен на меѓународниот саем за оружје LIMA 2009 (Langkawi international maritime and aerospace exhibition) во Малезија. Пред четири години беше прикажан во вид на плакат и на макета, додека на отворањето на саемот LIMA 2013 системот им беше претставен во живо на потенцијалните купувачи од целиот свет. 

Минатогодишните успешни проби потврдија дека ракетите без проблем се лансираат од контејнерот во кој се поставени. За таа пригода гаѓањето беше извршено со противбродската ракета Х-35. Нејзината особеност се состои во тоа што по целата патна линија лета на висина под 15 метри, а во непосредна близина на целта висината е 4 метри, па затоа е речиси невозможно да се пресретне. Една ваква ракета со стопроцентна сигурност може да уништи воен брод со депласман од 5000 тони. 

Формирањето на ракетниот систем до денес е во целосност завршено. Конфигурацијата на системот и видовите ракетно вооружување варираат според потребите во најширок можен опсег, со што во целост се оправдува називот „модуларен“.

За македонски превод притиснете „СС“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.