„Вештачка кожа“ за вистински луѓе

Во јануари лицето на балетмајсторот на Бољшој театар Сергеј Филин му беше изгорено од киселина. Извор: РИА Новости.

Во јануари лицето на балетмајсторот на Бољшој театар Сергеј Филин му беше изгорено од киселина. Извор: РИА Новости.

Лицето на уметничкиот директор на балетот на Бољшој театар Сергеј Филин, е спасено благодарение на уникатната формула на руските биофизичари.

Популарното име на оваа технологија е „вештачка кожа“. Овој материјал во целиот свет се користи за лекување на тешки повреди на кожата. Притоа, малкумина знаат дека пионери во создавањето на оваа материја се научниците од градот Пушино во близина на Москва. Во лабораторијата за раст на клетки и ткива при Институтот за теориска и експериментална биофизика на Руската академија на науките првите примероци на „вештачката кожа“, која во целост ја исполнува функцијата на уништениот епидерм, се појавиле во осумдесеттите години од минатиот век.

Еден од последните примероци на гел на основа на клеточната технологија се користеше за лекување на балетмајсторот на Бољшој театар Сергеј Филин, кој во јануари годинава беше испрскан со киселина по лицето. 

Во текот на 30 години во Пушино со користење на клеточната технологија биле разработени десетици препарати против изгореници – фластери, гелови, за површински повреди, за медицинска козметика, за регенерација. Еден од последните примероци на гел на основа на клеточната технологија се користеше за лекување на балетмајсторот на Бољшој театар Сергеј Филин, кој во јануари годинава беше испрскан со киселина по лицето. 

Препаратот бил применет уште на првиот ден. „Регенерацијата на повредените ткива беше започната моментално. Резултатите ги шокираа дури и некои лекари, кои на почетокот велеа: на пациентот му претстојат низа сложени пластични операции, но сепак не постојат никакви гаранции дека тој ќе го добие својот поранешен надворешен изглед, - раскажува шефот на лабораторијата за раст на клетки и ткива при Институтот за теориска и експериментална биофизика на Руската академија на науките, член на Меѓународниот сојуз за борба против изгореници професорот Борис Гавриљук. – Сепак, без какви и да се операции, само со помош на нашите препарати, веќе по пет дена од изгорениците не остана речиси ништо. Пациентот има мазна кожа, без лузни“. 

Според професорот, Русија денес ги има речиси најефикасниот препарат против изгореници на светот.

Долгогодишните експерименти довеле до појавување на таканаречен биолошки колоид, во кој се споени лековитите својства на синтетичките материјали и биолошките својства на природните полимери. 

Борис Гавриљук си споменува дека задачата за изнаоѓање начин за помош на луѓето со тешки изгореници била поставена пред советските научници веднаш по чернобилската трагедија. Требало да се дознае дали е можно на луѓето кои настрадале по атомската катастрофа и кои се здобиле со изгореници од ултравиолетова и гама-радијација, да им се помогне со создавање „вештачка кожа“. 

Како неопходна се наметнала разработката на материјали кои според своите својства би соодветствувале на горниот слој на кожата и кои би имале способност да ги регенерираат долните оштетени слоеви. Долгогодишните експерименти довеле до појавување на таканаречен биолошки колоид, во кој се споени лековитите својства на синтетичките материјали и биолошките својства на природните полимери. 

„Дотогаш за лекување на различни видови повреди на кожата во основа се применуваа таканаречените покривки за рани, - вели професорот Гавриљук. - Тие имаат добри механички својства, ги штитат раните од надворешните влијанија и помалку или повеќе придонесуваат за нејзино заживување. Сепак, кај нив отсуствува најважното – способноста за регулирање на процесот на заживување на раната. Ние создадовме систем, кој овозможува да се управува со овој процес, придонесувајќи за целосна регенерација во нормален реконструктивен правец и кој го обновува ткивото. Ефектот беше неколкупати поголем“. 

Со други зборови, компонентите на овој колоиден гел содржи материи кои се потребни за вискозитетот, кои го стимулираат движењето на клетките во нужниот правец и на тој начин започнува процесот на регенерација. 

Според најскромните оценки, бројот на пациентите со изгореници од различен степен се движи околу седумстотини илјади лица годишно, а да не зборуваме за повеќе од милион пациенти со различни видови трофични оштетување на површината на кожата и за смрзнатини. 

Препаратите од оваа серија ѝ даваат нови можности на современата медицина“, - вели директорот на Институтот за теориска и експериментална биофизика при Руската академија на науките, дописниот член на РАН Генрих Иваницки. 

Текстот е претставува скратена верзија на статијата која можете да ја најдете на руски јазик на сајтот на „Итоги“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња