Извор: Сергеј Пивоваров/РИА Новости.
Сајбер-командата на основно ниво може да се појави веќе до крајот на оваа година.
Согласно информациите на руските медиуми, министерот за одбрана Сергеј Шојгу неодамна му наредил на генералштабот во следниве неколку месеци да ги претстави своите предлози за создавање соодветна структура во рамките на руските вооружени сили.
Како што соопштува дневниот весник „Известија“, повикувајќи се на свои извори во Генералштабот, доколку структурите на генералштабот се справат со задачата што им ја постави министерот, тогаш сајбер-командата на основно ниво може да се појави веќе до крајот на оваа година.
„Во секој случај тоа нема да биде некој огромен орган на воената бирократија со еден куп права и минимални обврски“, забележува дневниот весник „Известија“.
Претходно претседателот Владимир Путин побара од Федералната служба за безбедност да обезбеди заштита на информациските структури на руските државни организации од можните Интернет-напади.
Меѓу другото, слична структура на Вооружените сили на развиените држави не е сосема нова појава. Уште во 2007 во Воено-воздушните сили на САД беше создадена времена, но специјална команда, чија задача беше да се справи со можните „воени дејствија“ во Интернет-просторот. Денес Американците имаат целосна USCYBERCOM — United States Cyber Command (Сајбер-команда на Соединетите Американски Држави) во состав на Стратешката команда, која одговара, меѓу другото, за користење на стратешките нуклеарни сили, ПРО и за операции во космосот.
Тешко е да се негира предвидливоста на американската армија. Денес Интернетот, на кој се публикува сè, ги определува клучните параметри на функционирањето на современото општество – од исплатата на платата до управувањето со војската. Без „матрицата“ не би полетал и не би се спуштил ниту еден авион, не би почнала со работа ниту една фабрика, не би се придвижила ниту една воена единица. Односно, цената за контролата на Интернет-просторот во денешно време е мошне висока.
Всушност, согласно последните информации, донесено е решение за нагло зголемување на вработените во USCYBERCOM до 5000 луѓе.
Без „матрицата“ не би полетал и не би се спуштил ниту еден авион, не би почнала со работа ниту една фабрика, не би се придвижила ниту една воена единица. Односно, цената за контролата на Интернет-просторот во денешно време е мошне висока.
Коментирајќи ја ситуацијата со меѓународната сајбер-опасност, Сергеј Новиков, раководител на Рускиот истражувачки центар „Лабораторија Касперски“ во интервју за радиото „Гласот на Русија“ забележа:
„Без адекватна заштита на сајбер-просторот на државно ниво, денес не се може... Не е тајна дека, најверојатно, во последниве две-три години приказната со компјутерските вируси преминува во полето на државната безбедност и на сајбер-војните. Денес компјутерските вируси не се само некаков вирус на домашниот компјутер на некој корисник, туку е тоа мошне сериозна закана имено за државните критични објекти. Последниве две-три години бевме сведоци на големи и познати вируси – црвот Stuxnet, тројанецот Duqu, Flame, Gauss. Сите тие се примери за примена на сајбер-вооружувањето кога една држава напаѓа друга“.
Според мислењето на Сергеј Новиков „Stuxnet е пример за штетен код, кој во целост беше насочен кон објекти со критична инфраструктура, а имено некои атомски централи за збогатување ураниум“.
Како што забележува Новиков ова е прв случај во историјата со примена на вируси и штетни кодови врз објекти со критична инфраструктура.
Неопходно е да се подобри работата за обезбедување информациска сигурност на ново системско ниво. Безусловно, ова е подготовка за справување со сајбер-диверзиите, со сајбер-тероризмот и, на крајот на краиштата, со сајбер-војната.
Дмитриј Трошин
Институтот за проблеми со економската безбедност и стратешко планирање
Но, за жал, не е ни последен. Неодамна „Лабораторија Касперски“ го откри веќе чисто шпионскиот вирус „Црвен Октомври“, кој ги напаѓаше компјутерските мрежи на владините организации и на научните центри од одбранбено значење ширум светот.
„Денес степенот на развој на телекомуникациите, на електрониката, на компјутерските програми, нивната улога во управувањето со инфраструктурата на земјата, со социјалните системи, од една страна, и можностите за создавање штетни програмски инструменти, од друга, покажаа дека е неопходно да се подобри работата за обезбедување информациска сигурност на ново системско ниво. Безусловно, ова е подготовка за справување со сајбер-диверзиите, со сајбер-тероризмот и, на крајот на краиштата, со сајбер-војната“, - смета главниот научен соработник на Институтот за проблеми со економската безбедност и стратешко планирање на Финансискиот универзитет Дмитриј Трошин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче