Во воздух на електроавион

Извор: PhotoXPress.

Извор: PhotoXPress.

Еден од најперспективните правци во развојот на современото производство на авиони е преминот на концепцијата за авион со целосно електрифицирана опрема. Со други зборови, треба да се создаде „потполно електричен авион“ – ПЕА.

Перспективите во создавањето на ПЕА отвораат нови хоризонти за развојот на авијатиката индустрија како во цивилниот, така и во одбранбениот сектор. Ова е еден од најперспективните правци на домашното производство на авионски агрегати, зашто новиот летачки апарат ќе биде опремено со единствен централизиран систем за снабдување со енергија, кои ги задоволуваат сите енергетски потреби на авионот. 

Електрохидро- статистичкиот авион ќе овозможи зголемување на коефициентот на искористеност на енергетскиот уред за 10 – 15% во однос на другите видови енергии. 

Во Русија со создавањето на ваков авион се занимава холдингот „Авијатичка опрема“, кој веќе ги презентираше резултатите од разработката на електрохидростатистичкиот авијатички летала. Ова ќе овозможи зголемување на коефициентот на искористеност на енергетскиот уред за 10 – 15% во однос на другите видови енергии, а исто така ќе се зголеми и сигурноста и експлоатациските показатели на енергетскиот систем и на машината во целост.

„При работата, - забележува генералниот директор на холдингот Максим Кузјук во рамките на концепцијата за БЕС, ние се стремиме да ги достигнеме показателите, како што е намалувањето на искористувањето на гориво за 8 – 10%, на директните експлоатациски расходи за 4 – 6%, на животниот циклус на авионот за 3 – 5%, намалување на целосната полетувачка маса на авионот за 6 – 9%“.

„Меѓурезултат од работата е симбиоза во два правци – хидрауличен и електротехнички. Бидејќи претпријатијата што се во состав на холдингот, се занимаваат и со едниот и со другиот правец, плодотворната соработка и заедничките напори секако ќе доведат до потребниот резултат“, - изјави директорот за наука на конструкторското биро „Јакор“ при холдингот, Александар Левин.

На БЕС електричната енергија ќе се применува за снабдување на системите со највисок енергетски интензитет, кои традиционално во своето работење користат хидраулична и пневматска енергија. Во оваа група системи, пред сè, влегуваат: системот за управување со аеродинамичните површини и уредите на авионот за полетување и слетување; системот за кондиционирање на воздухот; системот за заштита од замрзнување, а исто така и системот за вклучување на моторот.

Во СССР, а потоа и во Русија со проблемите на „целосно електрифициран авион“ пред сè се занимава Централниот аерохидродинамичен институт – ЦАХИ. Во овој институт се разработени принципите на конструкција на групи елктрохидростатички уреди со комбинирано регулирање.

Фабрика „Авиаагрегат“ од Самара разработува електричен уред на шасија за авионите, кој ќе овозможи поекономично, поеколошко и речиси бесшумно маневрирање на леталата по аеродромските писти.

Се предвидува добиените резултати да се воплотат во перспективен магистрален авион МС-21, на кој се планира значителен електрификациски систем на опремата во самиот авион и, како надоврзување, опремување со моќни извори на електрична енергија. Во врска со значителното зголемување на моќноста на енергетскиот систем, се поставува прашањето за избор на рационален вид електрична енергија, која ќе биде добиена од првични извори (генератори).

Сепак, создавањето вистински БЕС е уште далеку. За тоа време, во рамките на програмата „Повеќе електрифициран авион“ фабриката „Авиаагрегат“ од Самара разработува електричен уред на шасија за авионите, кој ќе овозможи поекономично, поеколошко и речиси бесшумно маневрирање на леталата по аеродромските писти.

„Ние добиваме дополнителни средства за програмата „Повеќе електрифициран авион“. Во рамките на оваа програма постои потпрограма „Електричен уред на тркалата“. Финансирањето е во тек, а исто така и работата“, - ја коментира работата во овој правец Максим Кузјук.

Според него, во рамките на овој проект се разработува сосема нов пристап. За време на таканареченото паркирање на авионот, маневарско движење по пистата на аеродромот, нема да се користат сопствените мотори на авионот – реактивни, турбински итн., туку специјални електрични уреди за тркалата на авионот. Благодарение на овој уред ќе се намали буката во аеродромите и ќе се заштеди гориво за авионот.

„Ова е напредна технологија... Се надевам дека во иднина овој проект ќе се преточи во нов производ на холдингот, а следствено и во нови нарачки“, - вели Максим Кузјук.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.