Катјуша, светло молам!

Дмитриј Чудаков е еден од најцитираните млади руски научници во светот. Извор: Крупаева Олесја / Росијскаја Газета.

Дмитриј Чудаков е еден од најцитираните млади руски научници во светот. Извор: Крупаева Олесја / Росијскаја Газета.

Претседателската награда за млади научници во областа на биологијата е доделена за овозможувањето на осветлување на болестите. Московскиот научник Дмитриј Чудаков заедно со својот тим ја создаде генетски кодираната флуоресцентна белковина Катјуша, која се воведува во организмот на опитни животни и овозможува да се види болното ткиво.

За особеностите на новиот облик на флуоресцентните белковини во ексклузивно интервју за „Гласот на Русија“ зборува докторот на биолошки науки, раководител на лабораторијата на Институтот за биоорганска хемија „Академици Шемјакин и Овчиников“, добитникот на претседателската награда Дмитриј Чудаков.

Денес Катјуша е најдобар од сите постоечки генетски маркери за проучување на објектите во живите ткива. Веќе во моментов тој активно се користи во сиот свет. 

- Тоа е црвена светла флуоресцентна белковина која овозможува означување на живи клетки и подобра визуелизација на сигналот во самото ткиво за разлика од други маркери. Овој маркер е наменет за работа со опитни животни, во прв ред со глувци. За нив постои мноштво модели на автоимуни, онколошки, невролошки болести. На нив се испитуваат нови препарати и методи на лекување, за да се сфати како е уреден живиот организам во нормала и во патологија. И заради тоа се потребни маркерите. А, генетски кодираните флуоресцентни елементи се разликуваат по тоа што ако генот веќе дошол во организмот, организмот самиот почнува да ја произведува оваа белковина, односно самиот себеси да се маркира. Така излезе дека клучниот иноватор е Екатерина Мерзљак. Решивме белковината да ја наречеме Катја во нејзина чест.

За откривањето на флуоресцентната белковина во 2008 година јапонските и американските научници добија Нобелова награда. Русинот дословно го усоврши нивното откритие. Денес Катјуша е најдобар од сите постоечки генетски маркери за проучување на објектите во живите ткива. Веќе во моментов тој активно се користи во сиот свет. Дмитриј Чудаков со своите 34 години е еден од водечките стручњаци во својата област. Негови статии се објавуваат во престижно меѓународни изданија, меѓу кои и во списанијата на групата Nature.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.