Извор: PhotoXPress.
Лекувањето со матични клетки е моден тренд. Тие можат да помогнат во борбата против инфарктот, мозочните удари и против различни видови повреди. Во козметологијата ветуваат ослободување од проблемите со кожата, враќање на младешката свежина на лицето. Проблемот се состои во тоа што методиката на користењето на матичните клетки што постои денес воопшто не е безопасна, објаснува за „Глас Русије“ генералниот директор на фабриката што го направи новиот препарат, Андреј Артамонов:
Како се случува тоа? Се земаат матични клетки од коскената срж. Потоа се размножуваат и се вметнуваат повторно во крвотокот. Тоа веќе е размножување на клетките надвор од организмот. Не се знае каде тие се диференцираат: тие можат да отидат во повредениот орган, а можат да отидат и во целосно здрав. И во срцето, на пример, може да израсне ребро. Тоа се веќе туѓи клетки за организмот.
Во Новосибирск овој проблем е решен. Научниците направија препарат под шифриран назив Г5. Тој ја тера коскената срж на човекот да произведува нови матични клетки кои потоа самите го наоѓаат повредениот орган и го обновуваат. Според зборовите на стручњаците, Г5 овозможува „хоминг“ на ремонтните станици – тие не го напуштаат сопствениот организам. Ова е препарат од новата класа на регенеративната медицина кој нема свој аналог во светот, тврди Андреј Артамонов.
Научниците направија препарат под шифриран назив Г5. Тој ја тера коскената срж на човекот да произведува нови матични клетки кои потоа самите го наоѓаат повредениот орган и го обновуваат.
Вакви препарати не постојат. Г5 ја тера коскената срж да произведува свои матични клетки, притоа не напуштајќи го организмот. Со текот на годините матични клетки има сè помалку и помалку. Заради тоа органите не се обновуваат и ние почнуваме да старееме. Новиот приод во медицината се состои во тоа да се натера организмот да се регенерира себеси.
Постоечките методи се насочени на симптоматско лекување: ако се појави болка, треба да се земе аналгетик. Многу е потешко, но е и поправилно, да се свртиме кон резервите на човековиот организам. Само тоа може да не направи сè помлади и посреќни, да се сетиме какви сме биле во детството.
Препаратот направен во Новосибирск успешно ги помина предклиничките испитувања. Наскоро ќе започне клиничкото тестирање, а за година и пол постои шанса Г5 да се појави на пазарот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче