Руска опрема за производство на Ајфон

Извор: Reuters / VOSTOCK-Photo.

Извор: Reuters / VOSTOCK-Photo.

Новиот Ајфон веројатно ќе се произведува со руска опрема. Кина е заинтересирана за руските ласери со кратки импулси, кои се користат за производство на електроника. Иако производот е сè уште во фаза на подготовка за производство, кинеските компании веќе доставија нарачки.

Оваа уникатна технологија за производство со ласер со кратки импулси беше разработен од страна на руските научници, а производството го презема бизнис-инкубаторот „Техноспарк“ во Подмосковје. Спогодбата за производство на ласерот беше потпишан во четвртокот од страна на авторот на производот, компанијата PLL, „Техноспарк“ и Улјановскиот центар за трансфер на технологии.

Иако рускиот производ според своите функционални карактеристики има свои аналогни производи, неговите мошне значајни предности, кои му даваат статус на конкурентен производ, предизвикаа исклучителна заинтересираност уште во фазата на разработка. 

Ласерите со кратки импулси одамна се користат во електронската индустрија. Денес без нив е тешко да се замисли производството на смартфоните, компјутерите и таблетите. Тие се наменети за прецизна обработка и маркирање производи од различни материјали. На пример, јаболкото на задниот дел од плочата на Ајфон е изгравирано со слична опрема. Иако рускиот производ според своите функционални карактеристики има свои аналогни производи, неговите мошне значајни предности, кои му даваат статус на конкурентен производ, предизвикаа исклучителна заинтересираност уште во фазата на разработка, - вели генералниот директот на Улјановскиот центар за трансфер на технологии Андреј Редјкин.

Уникатноста на рускиот производ се состои во тоа што на денешниот пазар пикосекундните ласери од оваа класа се повеќекратно поскапи од него. Научниците извршија комбинирање на низа компоненти, посебно уникатно влакно во внатрешноста на ласерот. Тоа овозможи значително намалување на цената за производство. Токму тоа е причината што сите компании за производство на микроелектроника што произведуваат слични гаџети, се исклучително заинтересирани за набавка на серија вакви ласери наместо ласерите што оние што во моментов ги купуваат.

Ваквите инструменти можат да се користат во автомобилската индустрија и во медицината. Но, сега приоритетен пазар е електронската индустрија.

Потенцијални сфери за примена на ласерот со краток импулс ги надминува рамките на IT-секторот. Ваквите инструменти можат да се користат во автомобилската индустрија и во медицината. Но, сега приоритетен пазар е електронската индустрија. Ова е и објаснување за географијата на пласман на новитетот, вели Андреј Редјкин.

Нашите целни потрошувачи се производителите на мобилни телефони, компјутери, таблети. Најголемиот дел од нив се лоцирани во Кина. Тие нарачуваат руска опрема. Светот е изграден така што денес основните производители на електроника се сконцентрирани во југоисточна Азија, така што тоа е нашиот стратешки партнер за пласман.

На некои производители на електроника денес не им се достапни ласерите со кратки импулси заради високата цена. Наместо тоа често се користи поевтината ласерска техника со долги импулси, која го деформира материјалот за време на обработката. Ноу-хауто на руските научници овозможува обработката и маркирањето на деталите да се врши без јагленосување и топење, односно за мали пари да се зголеми квалитетот на производот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња