Русија врши разработка на нуклеарен мотор за ракети

Извор: РИА Новости / Григориј Сисоев.

Извор: РИА Новости / Григориј Сисоев.

Безбеден начин за искористување на нуклеарната енергија во космосот е пронајден во Русија и започнати се подготвителни работи за создавање на нуклеарен уред, соопшти генералниот директор на Државниот научен центар на РФ „Истражувачки центар 'Келдиш'“, академик Анатолиј Коротеев.

„Во моментов институтот активно работи во тој правец со голема соработка со претпријатијата Роскосмос и Росатом. Се надевам дека во предвидениот рок ќе добиеме позитивен ефект на ова поле“, - изјави А. Коротеев на годишните „Кралски читања“ во Московскиот државен технички универзитет „Бауман“ во вторникот.

Според него Центарот „Келдиш“ пронашол шема за безбедно искористување на нуклеарната енергија во космичкото пространство, која ќе дозволи работа без емисија и ќе функционира според затворена шема, што ја прави инсталацијата безбедна дури и во случај таа да откаже и да падне на Земјата.

Нуклеарната инсталација што се разработува во Центарот „Келдиш“ ќе отвори нови можности за освојување на космичките пространства.

„Оваа шема во значителен степен го намалува ризикот од користење нуклеарна енергија, особено ако се земе предвиде дека еден од основните моменти е експлоатација на ваквиот систем на орбитите на 800-1000 километри. Така, во случај на откажување, времето на „трепкање“ е толкаво што го право безбедно враќањето на елементите на Земјата по долг временски период“, - додава научникот. 

Тој додаде дека нуклеарната инсталација што се разработува во Центарот „Келдиш“ ќе отвори нови можности за освојување на космичките пространства. 

Коротеев изјави дека во СССР веќе се применувале вселенски апарати кои работеле на нуклеарна енергија, но тие биле потенцијално опасни за Земјата и затоа тие не влегле во експлоатација. „СССР има користено нуклеарна енергија во вселената. Во космосот имаше 34 вселенски апарати со нуклеарна енергија, од кои 32 беа советски и два американски“, - потсети академикот. 

Според него, нуклеарниот уред што се разработува во Русија ќе биде олеснет за сметка на користењето на системот за ладење без рамка, при кој кулерот на нуклеарниот реактор ќе циркулира непосредно во вселенскиот простор без систем на цевки.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.