Ќе падне ли Ајфон на колена пред рускиот Јотафон?

Фото: скриншот од Јутјуб.

Фото: скриншот од Јутјуб.

Рускиот Јотафон триумфираше на американскиот саем за потрошувачка електроника. Таму моделот кој има функција на мобилен телефон и електронска книга доби високи оценки. Меѓу другото стручњаците предупредуваат дека Јотафон ќе мора да се бори за своето место на пазарот со гигантите како што се Епл, Самсунг и Ха-Те-Це. Конкуренцијата воопшто не е лесна.

Јотафон победи во номинацијата „мобилен уред“ на Меѓународниот саем за потрошувачка електроника што се одржа во Лас Вегас. Иако за фаворит се сметаше Xperia Z на корпорацијата Сони, поголемиот број стручњаци гласаше за рускиот конкурент. Јотафон со два екрана и андроид-платформа ги придоби стручњаците со тоа што ги обединува функциите на смартфон и на електронска книга. Дисплејот на задниот панел на гаџетот е направен по технологијата „електронски мастила“. Благодарение на тоа, тој практично не ја троши енергијата на батеријата, иако е постојано вклучен. На „мастилото“ на екранот се гледа не само текстот, туку и сликите, што ќе се гледаат дури и ако се испразни батеријата. 

Свој коментар дава и главниот уредник на списанието „Мобилни комуникации“, Леонтиј Букштејн:

Немаше никакви алузии дека ќе се случи нешто такво кога се натпреварувате со гиганти како што се Епл и Самсунг.

Сензацијата што ја предизвика Јотафон на саемот во САД за многумина е неочекувана, зашто ништо не го наговестуваше тоа. Немаше никакви алузии дека ќе се случи нешто такво кога се натпреварувате со гиганти како што се Епл и Самсунг. Може да се каже дека собраа сила и ги изненадија познавачите со тоа што нови брендови можат да им конкурираат на познатите, кои, можеби, се веќе и малку здодевни. Потрошувачите сакаат нешто ново, зашто главните особености кај сите се речиси исти. 

Но, новината на брендот попрво ќе оди против него. Русија не е производител на познати модели мобилни телефони. Иако некои домашни компании произведуваат свои смартфони, тие спаѓаат во поевтината категорија. Јотафон во малопродажба ќе чини околу 500 долари. Ќе биде поевтин од, на пример, последниот модел на ајфон. Но, за луѓето што купуваат гаџети од оваа класа цената не е секогаш ориентир при изборот, тврди аналитичарот на инвестициската компанија „Откритие“ Александар Венгранович:

Потрошувачите сакаат нешто ново, зашто главните особености кај сите се речиси исти.

Купувачот ќе го споредува функционалниот квалитет на овој смартфон со другите, веќе познати модели. И, секако, бидејќи брендот е нов, на почетокот ќе биде тешко да се пробие и купувачот да се навикне на него. Уредот ќе биде прилично функционален и со високи потрошувачки квалитети. Затоа и цената ќе биде висока, а конкурентни ќе станат новите уреди од познатите производители Епл, Самсунг и Ха-Те-Це. Затоа ќе биде тешко да се заземе дел од пазарот, зашто во овој сегмент брендот за купувачот има важна улога.

Јотафон ќе се појави на рускиот пазар есенва, а на европскиот следната година.

Официјалната презентација на Јотафон за пошироката публика ќе биде во февруари во Барселона. На рускиот пазар ќе се појави есенва, а на европскиот следната година. Тогаш ќе стане јасно дали авторите на смартфонот успеале да решат важна задача – да почнат сериско производство на Јотафон кој според квалитетот не заостанува зад фаворизираните модели.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња