Извор: РИА Новости.
Министерството за вонредни состојби на Руската Федерација ќе добие два суперкомпјутери. Ваков договор беше постигнат во Саров помеѓу првиот човек на ова министерство и раководството на федералниот нуклеарен центар во Саров. Специјалистите од Нижегородската област ќе постават еден компактен суперкомпјутер во Москва во Центарот за управување со кризни ситуации при Министерството за вонредни состојби на Русија. Врската со другиот супермоќен компјутер ќе се остварува по затворен канал помеѓу главниот град и Саров.
Министерот ги информираше атомските инженери дека во неговото министерство е потребен јасновидец, кој не само што би ги толкувал сценаријата на техногените и природните катастрофи што веќе се случиле, туку и однапред да дава предупредување за можните несреќи. Притоа треба да го определи и точното место каде ќе се случи тоа.
Веќе се знае дека статичниот „Саров“ е појак од „Ломоносов“, друг руски суперкомпјутер кој е поставен во Московскиот Државен Универзитет. На специјалистите од Министерството за вонредни состојби, најверојатно, би им било позгодно да комуницираат со московските инженери. Но, можноста на машината е од примарно значење зашто компјутерот ќе мора да решава уникатни задачи. На средбата во нуклеарниот центар, Владимир Пучков веднаш зададе високи плански критериуми. Министерот ги информираше атомските инженери дека во неговото министерство е потребен јасновидец, кој не само што би ги толкувал сценаријата на техногените и природните катастрофи што веќе се случиле, туку и однапред да дава предупредување за можните несреќи. Притоа треба да го определи и точното место каде ќе се случи тоа.
Заменик-директорот на атомскиот центар Станислав Соловјов увери дека нивното чудо од машина ќе се справи со задачата. Техничките карактеристики на саровскиот статичен суперкомпјутер се тајна, исто како и неговиот точен технички назив. Атомските инженери по состанокот само им соопштија на новинарите дека големината на компактниот суперкомпјутер, кој ќе биде инсталиран во Научниот центар за справување со кризни ситуации на Министерството за вонредни состојби во Москва, фактички може да се спореди со десктоп компјутер. Неговата можност е 5 терафлопси. За споредба, оваа „кутија“ заменува цел оперативен компјутерски центар, составен од 30 машини.
Можноста на нивната машина надминува 1 петафлопс, а тоа се еден квадрилион операции во секунда. До 2020 година се планира суперкомпјутерот да се доведе до моќност од 1 екзафлопс. Тоа се илјада петафлопси.
Кога станува збор за другите решенија, на граѓанските служби ќе им биде даден вкупен обем од 300 терафлопси. Таков беше примерот кога се потпишуваа договорите помеѓу Саров и „КАМАЗ“ и Саров и корпорацијата „Сухој“. Кај камионите се пресметуваа оптималните показатели за ергономија и за потрошувачка на гориво, а кај истребувачите, на пример, слетување без шасија. За тоа како ќе биде организирана работата во Министерството за вонредни состојби сè уште никој не зборува. На прашање на новинарот на „Росијскаја газета“, еден инженер кусо одговори дека можноста на нивната машина надминува 1 петафлопс, а тоа се еден квадрилион операции во секунда. До 2020 година се планира суперкомпјутерот да се доведе до моќност од 1 екзафлопс. Тоа се илјада петафлопси.
Како што изјави Соловјов, со таква невидена моќност и со уникатна програма, која е исто така разработена од страна на специјалистите на Саров, Министерството за вонредни состојби ќе може да се прогнозираат не само поплави, цунами и земјотреси, ами и образување на јалови.
Математичкото моделирање ќе се применува во областа на спречување и предупредување за вонредни состојби.
Првиот човек на Министерството за вонредни состојби потврди дека спасувачите и раководството на институтот потпишале спогодба за реализација на нови технологии и дека употребата на новитетите на федералниот атомски центар ќе дозволи „на квалитетно ниво да обезбеди сигурност на населението“.
- Математичкото моделирање ќе се применува во областа на спречување и предупредување за вонредни состојби, - подвлече министерот.
Во Саров нему исто така ми го покажаа и атомскиот музеј. Пучков особено се заинтересира за најмоќната бомба на светот, која никогаш не била испитана со целата сила. По нејзиното создавање во шеесеттите години на минатиот век, физичарите самите се исплашиле и го наговориле раководството на земјата да се испита оружјето со половината од неговата моќност. Еден напад со оваа бомба може да се спореди со сето оружје што го користеле сите земји за време на Втората светска војна.
Освен музејот, Пучков ја посети и зградата на специјалниот оддел за обезбедување на федералниот атомски центар, а министерот го посети и саровскиот оддел за спасување. Потоа првиот човек на Министерството за вонредни состојби ја продолжи својата работна посета во селото Дивеево, каде беше во инспекција на неодамна отворената дежурна станица, при што се искапе во изворот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче