Еволуциски шок

Професор Константин Северинов: Во билогијата на повидок е револуција, која ќе ја смени сликата за разновидноста на животот на земјата. Извор: Михаил Синицин / Росијскаја газета.

Професор Константин Северинов: Во билогијата на повидок е револуција, која ќе ја смени сликата за разновидноста на животот на земјата. Извор: Михаил Синицин / Росијскаја газета.

Зошто во САД има повеќе лоши факултети, одошто добри? Зошто директорите на Руската академија на науките (РАН) го губат своето влијание? Каква револуција е на повидок во науката за животот? За ова новинарот на „Росијскаја газета“ разговара со професорот на Универзитетот Рутгерс (САД) и шеф на лабораториите во Институтот за молекуларна генетика на РАН и на Институтот за биологија на генот на РАН Константин Северинов.

Сè уште не се смирува скандалот околу неодамна спроведениот мониторинг на факултетите од страна на Министерството за образование и наука. Како се оценуваат универзитетите во САД?

Константин Северинов: Мислам дека за многумина ќе биде ново тоа што во Америка има многу повеќе лоши, одошто добри факултети, но едноставно не знаеме за нив. Во нив и препишуваат и плагираат, и студираат не за да стекнат знаење, туку за да добијат диплома и да се вработат на повисоко место. На државно ниво овие факултети практично не се проверуваат, тие треба само да имаат групи, професори, администрација и реклама за да ги привлечат студентите.

Во Русија состојбата е парадоксална: огромно количество луѓе се стремат да се здобијат со високо образование, но факултети кои можат да им го понудат тоа на висок степен, има малку.

Работата е во тоа што во Америка високото образование се плаќа, луѓето сами решаваат какво знаење им е потребно, каде да ги дадат своите пари. Принципиелно е важно дека дипломата ја дава самиот факултет, а работодавачите самите знаат колку вреди дипломата на еден или на друг факултет. Доколку некој факултет не собере доволно пари, тогаш тој може да се затвори или да се припие кон некој појак. Во целост, тоа е прост и едноставен систем на високото образование.

Во Русија состојбата е парадоксална: огромно количество луѓе се стремат да се здобијат со високо образование, но факултети кои можат да им го понудат тоа на висок степен, има малку. На пример, во биологијата која ми е блиска, мислам, дека ги има помалку од 20%. Сепак, поголемиот дел од руските факултети живеат од парите на даночните обврзници, даваат државни дипломи и ги прелажуваат своите студенти, давајќи им чувство дека се здобиле со добро високо образование.

Државата има право да воведува ред, а тоа го прави министерството за образование и наука. Нивните критериуми и тоа како беше спроведена акцијата предизвикува критики кои се на место, но од друга страна е очигледно дека не може да има популарни решенија. Некој треба да биде затворен, некој ќе треба да се спои со некој друг, некаде ќе треба да се смени раководниот кадар. Овој проблем е презреан. Одамна требаше да биде решен.

Во Русија ќе бидат изградени 1000 лаборатории од светски ранг

Според конкурсот ќе бидат избрани и ќе добијат големи грантови силните колективи. Независни лаборатории ќе можат да создадат младите талентирани научници, а тоа значи дека тие нема да заминат во странство.

Почнувајќи од образованието, МОН најави и промени во науката. Тие се неопходно, но прашањето е кој и како ќе ги спроведува. Научниците ги загрижуваат сложените односи помеѓу РАН и министерството. Како ректор на Московскиот институт за челик и легури, Дмитриј Ливанов излезе со програма, во која изјави дека РАН денес претставува пречка за патот кон создавање на конкурентно способна наука, дека треба да се преобразува во клуб на научници, а сè што е најдобро да се префрли на факултетите. И кога стана министер, тој по сè изгледа, не го смени своето мислење. Така, министерството се обиде да го преземе управувањето со програмата за фундаментални истражувања на државната академија. Само гласниот бунт на РАН, а потоа и вмешувањето на високи раководни лица, го принуди МОН да отстапи. Зарем несогласувањата меѓу чиновниците и РАН не ѝ штетат на науката?

Константин Северинов: Ако зборуваме апстрактно, тогаш секој конфликт од таков вид е штетен за науката. Но, да го видиме тоа на конкретни ситуации, од позиција на раководството на РАН. На пример, од страна на министерството е подготвен проект „1000 лаборатории“. Оваа програма научниците одамна ја чекаат, таа ветува револуција во нашата наука. Работата е во тоа парите да не се трошат по принципот што го сака академското раководство од типот „за секого по нешто“. Според конкурсот ќе бидат избрани и ќе добијат големи грантови силните колективи. Независни лаборатории ќе можат да создадат младите талентирани научници, а тоа значи дека тие нема да заминат во странство.

Денес во РАН имаме околу 450 институти. Доволно е да се погледнат научните рејтинзи на директорите, за всушност да стане јасно кој е кој.

Значи треба да се измени шемата на организација и на финансирање на науката: во центарот доаѓа научниот лидер и неговата лабораторија, а институтот о директорот се префрлаат на периферијата?

Константин Северинов: Токму така функционира науката во многу водечки земји од светот. Но, раководството на РАН е категорички против таквиот приод. Тоа неодамна на президиумот уште еднаш го потврди претседателот на академијата Јуриј Осипов. Тој настојува на тоа парите да одат во институтите, а потоа директорот самиот да решава како да се распределуваат. Оваа феудална шема во принцип може да функционира, но тогаш директорите на институтите треба да бидат светски познати научни лидери. Денес во РАН имаме околу 450 институти. Доволно е да се погледнат научните рејтинзи на директорите, за всушност да стане јасно кој е кој.

Впрочем, без оглед на противењето на раководството на РАН, руската наука постепено се одделува од советската архаичност и добива современ облик. Во многу силни лаборатории буџетските пари изнесуваат помалку од 10 отсто, останатиот дел научниците го добиваат преку грантови. Тоа, пак, значи дека директорот го губи своето влијание. Уверен сум дека иднината е токму во таквите колективи, кои својот научен степен го докажуваат не во игрите на државниот апарат, каде парите се распределуваат меѓу помала група другари, туку преку конкурси со силна конкуренција.

Јасно е зошто РАН не може да им даде на научниците пристојни плати и го губи своето влијание: таа се финансира како среден американски универзитет. Притоа состојбата во следните осум години нема да се измени. Да кажеме, според податоците на РАН, вложувањата во еден научник ќе пораснат од 272 илјади на 280 илјади рубли годишно. Не е ли чудно што водечката научна институција во земјава е на работ на сиромаштијата?

Никој не му пречи на научникот од академијата да учествува на разни конкурси и да добива мошне добра сума.

Константин Северинов. Кога ги изнесува овие бројки, раководството на РАН не е докрај искрено. Се имаат предвид исклучиво буџетските средства. Но, никој не му пречи на научникот од академијата да учествува на разни конкурси и да добива мошне добра сума. И тогаш вложувањето во еден научник ќе се покачи за неколкупати. Сепак, на раководството на РАН не му одговара тоа што тие пари нему не му се достапни, зашто тие доаѓаат преку различни федерални програми, фондови итн. Тие треба да се добиваат врз основа на конкурс, а не да се добиваат преку „распределувањето“ на академијата. Повеќе не треба да се финансира неефективен систем на организација на науката. Средствата треба да им се доделуваат на оние, кои навистина се занимаваат со наука од светски ранг.

Но, како да се најдат? МОН настојува на формални оцени: публикации, цитирање според h-индексот. РАН уверува дека тоа не дава правилна слика. Вистинска слика дава само оцената на авторитетни експерти. Впрочем, и мониторингот на факултетите покажа дека формалистиката има големи дупки.

Константин Северинов: Можам да додадам дека мнозинството научници во САД воопшто и не слушнале за h-индексот. Таму пари за истражување се доделуваат врз основа на квалитетна научна експертиза. Секако, тоа е најобјективната оцена. Но, кои се судиите? На Запад за експертиза повикуваат водечки научници од разни земји, меѓу кои и од Русија.

Резултатите се видливи сега, кога поминаа три години и кога дојде време да се решава кои проекти треба да бидат продолжени, а кои треба да се завршат. Односно, оние кои поминаа со помош на триковите на академијата, отпаднаа.

Раководството на РАН смета дека академијата со сопствени сили е способна да спроведе независна оцена. Но, искуството покажува дека тоа не е секогаш така. Да кажеме, може да си споменеме за ситуацијата со мегагрантови од по 150 милиони рубли за привлекување на водечки научници од светот на нашите факултети. На почетокот сите пријави беа подвргнати на авторитетна меѓународна експертиза, но конечниот збор го кажуваше грантовиот совет, при што од 16 членови на советот, 14 беа академици на РАН. За жал, многу од одлуките на советот беа донесени врз основа на корпоративни интереси, а најважно е што тие беа противречни на резултатите на првичната експертиза. Резултатите се видливи сега, кога поминаа три години и кога дојде време да се решава кои проекти треба да бидат продолжени, а кои треба да се завршат. Односно, оние кои поминаа со помош на триковите на академијата, отпаднаа. Може ли да се верува на ваква неодговорна „експертиза“ на академиците? Се сомневам.

Да, h-индексот е далеку од идеален, но кај нас штотуку започна да се гради систем кој ќе овозможи да се одделат силните од очигледно слабите научници. И затоа публикациите, цитирањата, h-индексот се добар инструмент за сеење.

Загатките остануваат

Доколку се случи некаква страшна катаклизма и целото човештво исчезне, природата тоа дури и нема да го забележи, зашто речиси сета „темна материја“ на Земјата ќе остане.

Константин Северинов: Во современата биологија на повидок е револуција. Таа во корен ќе ја измени нашата претстава за разновидноста на животот на планетава. Пред некои сто години на еволуциското дрво на животот на највисокиот „пиедестал“ беше човекот. Подолу на гранките беа рибите, рептилите, цицачите, птиците, а уште подолу растенијата, додека близу до коренот се наоѓаа едноклеточните организми, габите итн. Ова дрво го демонстрираше прогресот на еволуцијата, каде како краен производ беше претставен човекот.

Ѕвездите, планетите, кометите итн. – тоа е само пет отсто од масата, додека останатото отпаѓа на „темната материја“ (25%) и на „темната енергија“ (70%). Нивната природа останува загатка.

Генетските истражувања ја изменија оваа слика. Се покажа дека во природата постојат три огромни „континенти“ на форми на живот – бактерии, архебактерии и еукариоти. Во последната група влегува човекот. Притоа поголемиот дел од формите на живот е невидлива за голо око. Сето она што го гледаме, што беше прикажано на гранките од дрвото на животот во учебниците – човекот, животните, растенијата итн. – е само мал дел, илјаден процент од реалната разновидност на животот, од нејзината невидлива „темна материја“. Доколку се случи некаква страшна катаклизма и целото човештво исчезне, природата тоа дури и нема да го забележи, зашто речиси сета „темна материја“ на Земјата ќе остане.

Истото важи и за Вселената кога станува збор за видливата материја – ѕвездите, планетите, кометите итн. – тоа е само пет отсто од масата, додека останатото отпаѓа на „темната материја“ (25%) и на „темната енергија“ (70%). Нивната природа останува загатка.

Константин Северинов: И биолозите досега имаат изучено мизерен дел од невидливата разновидност на животот. А, перспективите на ова поле се фантастични. На пример, досега се сметаше дека сите антибиотици, а тие се создаваат со бактерии и со некои габи, се веќе откриени од страна на микробиолозите. Но, сега е јасно дека количеството на нам непознати бактерии е недостижно големо и, следствено, се откриваат безграничните можности, да речеме, за откривање нови лекови.

А, што е тоа „континент“ на архебактерии?

Константин Северинов: Тоа е многу стара форма на живот, која е одвоена од бактериите исто онолку, колку што тие се одвоени од нас. Многу архебактерии живеат во екстремни услови, во многу солени езера, во врели извори итн.

Тие практично сè уште не се проучени и ги чекаат своите истражувачи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.