"Обид за одземање на животот на Владимир Ленин, 30 август 1918", М.Г. Соколов, Централен Музеј на Владимир Ленин.
РИА НовостиНа 30 август 1918 г. лидерот на Октомвриската Револуција Владимир Ленин имаше обраќање во московската фабрика „Срп и чекан“. По обраќањето, додека се движеше кон својот автомобил кон него беа испукани три куршуми. Ленин беше сериозно повреден. Еден од куршумите мина низ неговото палто, додека другите два го погодија неговото тело. Во толпата беше забележана една жена која се однесува чудно. Откако е фатена, од страна на лица од толпата со викање е укажано дека таа е стрелачот. Стануваше збор за 28-годишната Фани Каплан, членка на Социјалистичките Револуционери.
Додека е приведувана, таа ја дала следнава изјава:
„Моето име е Фања Каплан. Денеска јас пукав во Ленин. Тоа го направив сама. Нема да кажам од каде го набавив мојот револвер. Нема да кажувам никакви детали. Јас одлучив да го убијам Ленин многу одамна. Го сметам за предавник на Револуцијата. Јас бев прогонета во Акатуи заради учество во обидот за атентат над царистички чиновник во Киев. Поминав 11 години робија. По Револуцијата бев ослободена. Бев голем поборник за Конститутивното Собрание и се уште сум за тоа.“ И покрај повредите, Ленин го преживеа атентатот. Каплан е егзекутирана на 3 септември истата година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче