На денешен ден: Русија го слави денот на државното знаме

ZUMA Press/Global Look Press
Денот на државното знаме на Русија беше востановен во 1994 г. и се одбележува секоја година на 22 август.

Бело-сино-црвеното тробојно знаме се употребува во Русија уште во 18-от век, но мораше да чека повеќе десетлетија пред да стане национално знаме.

Нема официјално толкување за тоа што претставуваат трите бои на руското знаме (барем не според законските прописи), па оттаму постојат различни интерпретации помеѓу народот. Најшироко распространета е онаа која го поврзува знамето со европската хералдика и според неа белата боја симболизира благородност и отвореност, сината ја претставува лојалноста и чистотата, додека црвената ја претставува храброста, широкоградоста, великодушноста и љубовта.

Се верува дека првото тробојно знаме е кренато за време на владеењето на царот Алексеј Михаилович на рускиот воен брод „Орел“ кој е изграден во 1667-1669 г. Веќе во 1705 Петар Велики наредува тробојното знаме да се вее на сите бродови на руската морнарица.

Знамето го доби својот официјален статус во 1896 г. за време на владеењето на последниот руски император Николај II. Во април 1918 година, болшевиците го заменија тробојното знаме со револуционерното црвено знаме. Но, на 22 август 1991 г. историското знаме повторно го зазеде своето место како национално знаме на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња