На денешен ден: Заврши Виборшко-Петрозаводската офанзива

Продолжение на војната - Уништен тенк ИС-2 во близина на Сума, Карелиска превлака.

Продолжение на војната - Уништен тенк ИС-2 во близина на Сума, Карелиска превлака.

Фотограф на финската армија
Операцијата на Црвената Армија успешно ги принуди непријателските војници да се повлечат во Финска, елиминирајќи секаква опасност за Ленинград од север и североисток.

До средината на 1944 година позицијата на Финска беше сериозно влошена. Финската висока команда очајнички се обидуваше да ги задржи Карелиската превлака и Јужна Карелија. Виборшко-Петрозаводската офанзива се одвиваше на исклучително тежок терен – Карелиската превлака. Целта на офанзивата беше да се разбие финската војска и да се поврати државната граница со Финска на Карелиската превлака.

Финската армија организираше тројна линија на одбраната за да го блокира настапувањето на Советите, вклучувајќи ја и повторно воспоставената линија „Манерхајм“ и прстен околу Виборг.

Операцијата на Црвената Армија успешно ги принуди непријателските војници да се повлечат во Финска, елиминирајќи секаква опасност за Ленинград од север и североисток. За само 10 дена Црвената Армија напредуваше 110 км и го зазеде Виборг. На 9 Август 1944 година операцијата беше официјално завршена. Како директен резултат на таа операција непријателот беше избркан еднаш и засекогаш од Ленинград.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња