МиГ-29 ловци на аеробатскиот тим „Стрижи“ и Су-27 на „Руски витези“ на Меѓународното аерошоу во Жухај. 2 ноември 2016, Кина.
Марина Лисцева/ТАССКако што соопштува официјалното издание на Министерството за одбрана на Русија „Црвена ѕвезда“ (Красная звезда), во текот на авиошоуто кое ќе се одржи на 12 август во паркот „Патриот“, на небото ќе се покажат речиси сите видови модерни авиони од стратешката, воено-транспортната и оперативно-тактичката авијација, како и хеликоптери на армиската авијација.
Изданието соопштува дека гледачите ќе можат да видат авиони од подалечното минатото (Фарман, Пајпер, КЕБ, Јак-52, Јак-30, Јак-18, Даглас ДЦ-3, По-2, Ил-2, МиГ-3, МиГ-15), како и модерните Су-25 и Т-50.
Исто така, ќе ги покажат своите вештини и аеробатските тимови на „Стрижи“, „Руски витези“, „Соколи на Русија“ и „Беркути“.
Ќе учествуваат во прославата и хеликоптери Ми-2, Ми-8, Ми-24, Ми-35, Ка-226, Ансат, Ми-28, Ка-52 и Ми-26, пренесува „Взгљад“.
Вкупно на аеромитингот во чест на 105-годишнината од руските Воздушно-космички сили ќе се претстават околу 150 авиони и хеликоптери.
Организаторите, исто така, соопштија дека по завршувањето на фестивалот во 16 часот на полигонот Алабино во рамките на игрите АрМИ-2017 ќе започне финалето на „Тенковскиот биатлон“, а потоа ќе се одржи завршната церемонија на затворање на III Армиски меѓународни игри.
Претходно министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Денот на Воздушно-космичките сили на Русија ќе се одбележи низ целата земја со покажување уникатни историски авиони и најнови примероци на авиотехника.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче