Руската „Врба“ го попречи гранатирањето на Дамаск

Рачен ракетен фрлач „Врба“.

Рачен ракетен фрлач „Врба“.

RBTH
Со најновиот руски преносен противвоздушен ракетен систем „Врба“ беше уништено беспилотно летало на терористичката група „Џебхат ан Нусра“.

Како што соопштува во четвртокот изданието „Рускаја весна“, дронот бил употребен од терористите за коригирање на огнот на милитантите врз Дамаск, вклучително и врз квартот во кој се наоѓа руската амбасада.

Според изданието, со цел да се почитува прекинот на борбените дејствија во зоната на деескалација на подрачјето на Источна Гута, од 24 јули се поставени два контролни пункта и четири пункта за набљудување на кои дежураат припадниците на воената полиција на Русија и специјалните сили на Сирија.

Изданието пишува дека од 2 август над Источна Гута е прогласена зона за забрането летање за сите типови на летала, независно од нивната припадност, а на двата контролни пункта се распоредени најновите ПВО-системи „Врба“. 

Во средата беше соопштено дека милитантите од минофрлачи го гранатирале комплексот на амбасадата на Русија во Дамаск, нанесувајќи незначителна материјална штета, пишува „Взгљад“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња