Пилотите на Су-30СМ раскажаа за победата на „Авиадартс“

Су-30СМ.

Су-30СМ.

Irkut Corporation
Воените пилоти на Су-30СМ раскажаа за учеството и победата на „Авиадартс“ во рамките на Армиските меѓународни игри АрМИ-2017, се вели во видеото што го објави Министерството за одбрана на Русија.

Главните херои на видеото се војници кои има постигнато високи резултати во професијата: екипажи на авиони, бродови, системи за ПВО и артилерија, екипажи на оклопни возила и многу други. Рускиот тим беше претставуван од екипажот на командантот капетан Јуриј Балашов и навигаторот поручник прва класа Никита Подковиров, кој победи на сите етапи од натпреварот „Авиадартс-2017“.

На објавениот видео запис екипажот на повеќенаменскиот ловец Су-30CM се претставуваат и разговараат за нивните обврски и учеството во „Авиадартс“.

Подковиров забележува дека обуката траела шест месеци. Балашов вели „ние знаевме дека сите екипи се силни, од сите можеше да се очекуваат изненадувања, некои трикови“. Според него, „ние претпоставувавме и ги разгледувавме сите варијанти кои може да се случат“.

Поручник прва класа прецизира дека најтешкото во натпреварот биле воздушните битки. Балашов вели дека „целта на воздушната борба е да се заземе победничка позиција и да се лансира замислена ракета против противникот и да се изврши гаѓање од топ“. Покрај тоа, „разбирањето мора да биде такво што навигаторот треба да ме разбере без зборови при исполнување на некои елементи“.

Меѓународната етапа на „Авиадартс-2017“ првпат се одржува во Кина. Учествуваат околу 40 екипажи на Воздушно-космичките сили на РФ. Руските екипи се застапени во сите осум категории и ќе настапуваат со свои летала, вклучувајќи ги авионите Су-35, Су-30СМ, Су-34, Су-24M, Су-24МР, Су-25, Ту-22M3, Ил-76 и хеликоптерите Ка-52, Ми-28Н, Ми-35 и Ми-8, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња