Полицијата приведе маж кој нападна репортер во Москва

Поранешни падобранци во фонтана бараат спас од августовското сонце во текот на прославата на Денот на ВДВ во Москва.

Поранешни падобранци во фонтана бараат спас од августовското сонце во текот на прославата на Денот на ВДВ во Москва.

Максим Шеметов/Ројтерс
Министерството за внатрешни работи на Русија потенцира дека човек кој го удри дописникот на НТВ нема никаква врска со ВДВ.

Полицијата го приведе човекот кој го удри во лице дописникот на телевизијата НТВ за време на преносот од московскиот парк „Горки“, соопшти за „Интерфакс“ прес-службата на Главната управа на московската полиција.

Од Министерството за внатрешни работи на Русија истакнуваат дека приведениот нема никаква врска со ВДВ.

Претходно на Интернет се појави видео од директниот пренос на  телевизијата НТВ на кое се гледа како еден непознат човек го удира и навредува репортерот на телевизијата додека тој известува во живо од паркот „Горки“, каде што се одвива прослава на Воздушно-десантните сили на РФ.

Од прес-службата на НТВ го потврдија нападот врз својот репортер во Паркот на културата „Горки“ во Москва, каде ветераните на ВДВ на 2 август го прославуваат својот професионален празник.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња