Ѓубре.
Станислав СитниковИзвршителите почнале со извршувањето по одлуката на судот за иселување на возрасниот брачен пар од општествениот стан. Соодветна тужба поднела до судот агенција за домување.
„Причината беше несоодветната состојба на станот до која довела домаќинката на станот. Возрасната жена страда од ментална болест и редовно носи дома ѓубре од улица. Како резултатот подот на двособниот стан во зградата на проспектот „Дачни“ е покриен со слој ѓубре со дебелина од 1,5 метри“, се вели во соопштението на ФССП што го пренесува „Интерфакс“.
Во процесот на извршување станало јасно дека брачниот пар ќе мора да биде принудно иселен. Со оглед на возраста на должниците, беше одлучено да тоа да биде направено во присуство на медицински тим.
„Кога влегоа во станот, го открија меѓу куповите ѓубре исцрпениот стар човек-должникот. Со години тој не ја напуштил својата соба. Од документи за докажување на идентитетот тој имаше само пасош на државјанин на СССР. Човекот беше итно испратен во болница. Виновната за нередот во станот беше однесена во психијатриска клиника“, истакнуваат судските извршители. Во прес-службата на управата објаснија дека мажот не излегувал од станот од распадот на Советскиот Сојуз.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче