Портрет на Николај II.
Фјодор ТелковВо Новосибирск ноќта на 1 август едно лице го оштети споменикот на царот Николај II, соопшти Новосибирската служба за евакуација „АСТ-54“ повикувајќи се на очевидци.
Според полицијата, еден маж, роден 1985 година, дошол до споменикот со секира и скала, се искачил и му нанел неколку удари на споменикот. Патрола на Росгвардија го привела и го однела во полиција. Мотивите на мажот сѐ уште не се утврдени, неговата психолошка состојба не се наведува.
Споменикот е оштетен, а полицијата изјави дека штетата засега не е утврдена.
Споменикот на Николај II во Новосибирск беше откриен на 16 јули 2017 година со учество на митрополитот Новосибирски и Бердски Тихон без согласност на властите. Претходно Новосибирск се викал Ново-Николаевск, во чест на Свети Никола, светецот-заштитник на царот, пишува tjournal.ru.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче