Видео: Триатлон за специјалци

Специјални сили.

Специјални сили.

mil.ru
Во базата на подмосковскиот Центар за специјална обука „Витез“ се одржаа Десеттите меѓународни натпревари во триатлон за посебна намена. Првпат во историјата на натпреварувањето акцентот беше ставен врз тактичката компонента на реалната работа на антитерористичките единици на специјалните сили.

Традиционално, „Триатлонот“ се состои од тактичко гаѓање, надминување на посебни пречки и висинска обука. Организаторите на натпреварот истакнуваат дека годинешната програма е фундаментално различна од сите претходни. Прво, целата акција се случува во една етапа, наместо во две, и нема пауза за починка. Ова значи дека оптоварувањето на физички план е зголемена неколку пати, и додадена е тактичка компонента. Единствено останува непроменет  фактот што сите фази на турнирот се максимално слични на реални борбени ситуации.

Квалификациската фаза се одржа на 18 јули и беше практично идентична со стандардната програма од минатите турнири. Од 23 тимови кои претставуваат различни безбедносни агенции на Русија и еден тим од Србија, на натпреварот се квалификуваа пет. Победниците од последниот турнир беа надвор од конкуренција.

Вкупно во натпреварувањето учествуваа осум екипи: по две од Управата „А“ на Центарот за посебни намени на ФСБ и од специјалците на Службата за безбедност на претседателот (ФСО), како и тимовите од 604 центар за посебна намена „Витез“ (силите на Националната гарда), белоруската антитерористичка единица „Алмаз“ и две групи на СОБР - регионалната, од московската главна команда на Росгвардија и војниците од одредот „Рис“ (на Централната команда на истиот ресор).

Вкупната тежина на опремата на секој војник според прописите на натпреварувањето мораше да биде најмалку 21 килограми, вклучувајќи автоматски пиштол калибар 9 милиметри со пет магазини и пиштол калибар од најмалку 9 милиметри со три магазини. Тимовите мораа да исполнат шест вежби.

Победници на турнирот беа припадниците на белорускиот „Алмаз“. Второто место им припадна на тимот на московската главна команда на Росгвардија, а третото на еден од тимовите на специјалните сили на Службата за безбедност на претседателот ФСО, пренесува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња