Заврши првата етапа од руско-кинеските маневри „Поморска соработка-2017“

Кинескиот разурнувач „Таижу“ учествува во парадата во заливот Петар Велики во текот на заедничките руско-кинески воени вежби „Поморска соработка-2015“. 28 август 2015, Владивосток, Русија.

Кинескиот разурнувач „Таижу“ учествува во парадата во заливот Петар Велики во текот на заедничките руско-кинески воени вежби „Поморска соработка-2015“. 28 август 2015, Владивосток, Русија.

Јуриј Смитјук/ТАСС
Втората етапа од заедничките руско-кинески поморски воени вежби продолжува во септември.

Во Балтичкото море заврши првата етапа од руско-кинеските маневри „Поморска соработка-2017“, пренесува RT.

Во маневрите учествуваа 10 бродови и исто толку единици авијациска техника.

Во рамките на следната етапа војските на двете земји ќе одработат заеднички дејствија во акваторијата на Охотското и Јапонското море. Втората серија од воените вежби ќе заврши кон средината на септември.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња