Експлозија во Петербург: „Не можеме да поставиме тенк до секоја градинка“

Жителка на Санкт Петербург пред влезот во метро-станицата „Спаскаја“ која беше затворена по екплозијата во метрото на 3 април 2017.

Жителка на Санкт Петербург пред влезот во метро-станицата „Спаскаја“ која беше затворена по екплозијата во метрото на 3 април 2017.

Сергеј Конков / ТАСС
Експерт за борба против тероризмот вели дека руските специјални служби не се семоќни, иако прават сѐ што можат.

Полковникот на Федералната служба за безбедност во резерва и поранешен раководител на единицата на КГБ за борба против тероризмот Владимир Луценко за руското радио „Комерсант FM“ ја коментираше експлозијата во подземната железница во Санкт Петербург на 3 април.

Ако експлозијата е оквалификувана како терористички чин, ќе се најдат многумина кои ќе сакаат да ја преземат одговорноста, вели експертот. „Тоа можат да бидат и исламски радикали, и украинските соседи кои неодамна довлекуваа мини на Крим. Во најскоро време ќе стане јасно кој е, затоа што во метрото има многу камери“. Ако се суди според уништениот вагон, експлозијата била силна, вели тој.

Полицаец и припадници на Итните служби пред метро-станицата „Технички институт“ на 3 април 2017 во Санкт Петербург, Русија. Извор: РојтерсПолицаец и припадници на Итните служби пред метро-станицата „Технички институт“ на 3 април 2017 во Санкт Петербург, Русија. Извор: Ројтерс

„Од почетокот на годината нашите специјални единици спречија повеќе од 40 терористички напади. Уапсени се неколку стотини потенцијални терористи. Се води војна. Ние сме само дел од системот на борба, систем на трагични настани кои се случуваат во светот. Затоа сѐ е сега многу сложено и трагично. Веќе е закон вестите за секој успешен терористички напад да се пренесуваат ширум светот, не само кај нас. Терористите постојано го преземаат искуството на другите, и ако на некој нешто му успеало, се обидуваат и самите да го спроведат тоа. Тоа е светска зараза, колку може да се зборува за тоа?“, се прашува Луценко.  

Независно од тоа колку добро работат специјалните служби, нивните можности не се безгранични. „Не можеме да поставиме тенк до секоја детска градинка, не можеме да го претвориме нашето општество во тврдина. Не можеме да преминеме преку границата на разумното. Нашите специјални служби работат мошне ефикасно, барем поради тоа кај нас одамна немало нешто слично на она што се случува во Европа, во целиот свет. Погледнете го Ирак. Во Пакистан секој ден се случуваат масовни убиства. Специјалните служби не се семоќни. Тоа не е Господ Бог“.

Според Луценко, во најскоро време можат да се очекуваат поостри контроли во подземната железница, во јавниот сообраќај, ќе има поголем број на полицајци на улиците. Сите специјални служби ќе работат деноноќно за да ги пронајдат и казнат виновниците. „Но тоа е светски проблем. Специјалните служби не можат самите да го решат. Политичарите од сите земји мораат да се замислат и да престанат лицемерно да ги игнорираат проблемите“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња