Може ли Русија да ја задржи Палмира?

Олег Блохин / Anna News
Сириските единици со поддршка на руските воздушно-космички сили во целост ги потиснаа терористите од Палмира. Според воените експерти, овој пат околу градот ќе бидат поставени борбени позиции и стража, а на највисоките кори ќе биде поставена артилерија, со цел да не се повторат претходните грешки и градот повторно да не биде изгубен.

Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу на 2 март му реферираше на претседателот на РФ Владимир Путин дека Палмира е вратена под контрола на сириските власти.

Според медиумите, неколку часа пред нападот сириската армија воспоставила контрола над котата Ел Тар во близина на градот и на ова место ја поставила својата артилерија која ја покривала пешадијата.

Единиците на Башар ал Асад влегле во градот од неколку правци, но нападот бил забавен зашто терористите го имале минирано поголемиот дел од градот. Пред војниците оделе деминерите и ги ослободувале од мини клучните приоди за пешадијата и за техниката.

Според агенцијата „Фарс њуз“ во борбите припадниците на ИДИЛ претрпеле големи загуби и се повлекле од градот кон исток.

Како ќе се чува Палмира?

Според Виктор Мураховски, полковник во резерва и главен уредник на списанието „Арсенал Отечества“, сириската армија ги освоила високите коти во близина на Палмира и може да ја постави на нив својата артилерија. Тоа ќе им овозможи да ја контролираат територијата околу градот во појас од 8 километри.

„Армијата има освоено важно упориште и има формирано линија на положба која ќе спречи контранапад од страна на терористите на сириската воздухопловна база Т4 во предградието на Палмира. Ова ќе овозможи да се обезбедат ослободените делови и да се развива офанзива во правец на Деир ел Зор, каде терористите во обрач ги држат остатоците од сириските единици“, вели експертот.

Олег Блохин /Anna NewsОлег Блохин /Anna News

По првата битка за Палмира во март 2016 година, одбраната на градот е предадена на доброволните единици, а најсилните единиците се префрлени во предградијата на Алепо. Сега, меѓутоа, Министерството за одбрана на РФ ќе издвои дополнителни единици и техника како помош на Сиријците, со цел градот да остане во нивните раце. Ова мислење го изнесува гладниот уредник на списанието „Национаљнаја оборона“ Игор Коротченко.

„Не е потребен голем воен контингент за да се одбрани градот. Русија на ова подрачје ќе испрати дополнителни извидувачки системи и ќе го набљудува теренот околу градот. Исто така ќе помогнеме да се зајакнат борбените и утврдените положби околу градот, со цел да не се повторат настаните од крајот на минатата година кога терористите незабележливо се доближија до Палмира и го зазедоа градот“, истакнува Коротченко.

Олег Блохин / Anna NewsОлег Блохин / Anna News

Според Леонид Ивашов, генерал-полковник во пензија и претседател на Меѓународниот центар за геополитичка анализа, по кршењето на единиците на ИДИЛ во Палмира, припадниците на оваа организација ќе преминат на терористички акции, односно на испраќање на бомбаши-самоубијци во станбените делови од градот кога луѓето ќе почнат да се враќаат во своите домови.

„Ќе биде потребно службите за безбедност да ја зајакнат контролата да ги зацврстат положбите околу градот, но треба да се погрижат и за безбедноста на неговите жители“, нагласува генералот во пензија.

Палмира е ослободена. Што понатаму?

Некои експерти сметаат дека провинцијата Идлиб ќе биде следното место на борбените дејствија во кои ќе учествуваат руските воздушно-космички сили. Во таа насока преку хуманитарните коридори од Алепо заминале над 30.000 терористи со своите семејства.

Олег Блохин / Anna NewsОлег Блохин / Anna News

„Сириската армија со наша поддршка ќе се обиде да ги опколи терористите, ослободувајќи го западниот дел од провинцијата Алепо, како и северниот дел на провинциите Хама и Латакија“, вели за „Руска реч на македонски“ Владимир Евсеев, воен експерт и заменик-директор на Институтот за проучување на земјите од Заедницата на независни држави.

Борбените дејствија на ова подрачје ќе траат до лето, по што руската и сириската армија ќе преминат на источниот фронт кон градовите Рака и Деир ел Зор.

„Се надевам дека ќе почнеме поактивно да соработуваме со САД во таа насока, и дека војната во Сирија нема да трае подолго од една година“, додава Владимир Евсеев.

Олег Блохин / Anna NewsОлег Блохин / Anna News