Русија може да не ги поддржи САД во притисокот врз Иран

Ројтерс
На 29 јануари Иран изврши тестирање на балистичка ракета. САД го оценуваат овој чекор како прекршување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Но, експертите велат дека Русија може и да не го поддржи во тоа новиот „сојузник“.

Независно од тоа што со доаѓањето на Трамп во Белата куќа, се чини, руско-американските односи ќе почнат да се подобруваат, остануваат некои прашања за кои позициите на Москва и Вашингтон можат да бидат радикално спротивставени.

Најочигледен од овие проблеми може да биде прашањето за иднината на договорот помеѓу САД и Иран, постигната уште во времето на претседателот Обама, кој повеќе пати беше критикуван од новиот претседател на САД за време на предизборната кампања.

Притоа самиот Техеран, небаре сакајќи да ја провери сериозноста на намерите на новиот „газда“ во Белата куќа, изврши тестирање со истрелување на балистичка ракета која, според извор на Fox News, прелетала 600 километри.

Вашингтон ги оценува овие пораки како сведоштво за тоа дека Иран ја прекршил резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН, со која се предвидува забрана за Иран да спроведува тестирање на ракети, способни да носат нуклеарни боеви глави, пишува весникот „Взгљад“. Но, експертите нагласуваат дека Русија, иако формално ги „пегла“ односите, може да не ги поддржи САД во нивните напори за одвраќање на Иран.

Сирискиот гамбит

Во моментов Русија тешко дека ќе го поддржи можниот цврст став на САД и Израел во однос на Иран, без оглед на тоа дека уште во 2010 година ги поддржи санкциите против Техеран, пишува „Взгљад“.

Иако на прв поглед лидерите на Русија и САД се расположени за поблиска соработка за клучните прашања на светската политика, острата критика на договорот помеѓу САД и Иран од страна на Трамп го загрижува раководството на Русија.

„Сирискиот гамбит, во кој Москва активно соработува со Техеран, сè уште не е завршен“, вели за „Взгљад“ политикологот-ориенталист Тофик Абатов, нагласувајќи дека Москва тешко дека ќе се приклучи кон заострувањето на односите со еден од главните играчи на Блискиот Исток, кој покажува сериозно влијание на изгледите за решавање на сириската криза.

Залудни надежи

Притоа политикологот забележува дека Иран никогаш не се надевал дека неговите односи со Вашингтон ќе се подобруваат. „Веднаш по склучувањето на нуклеарниот договор, од американска страна следуваше императив дека тие тешко дека ќе можат да го продолжат дијалогот во дискусија на регионалните проблеми. Во одговор на тоа духовниот лидер на Иран ајатолахот Али Хаменеи изјави: „Повеќе со САД нема да се потпишуваат никакви договори и нуклеарниот договор претставува своевиден плафон на нашите отстапки“, вели Абатов.

Покрај тоа, ориенталистот смета дека на американскиот естаблишмент антииранската агресија му е својствена во определен степен на сите нејзини групи, пишува весникот „Взгљад“.

Абатов е на мислење дека политичкото раководство на Иран го запаметило „тажното искуство на Моамер Гадафи“ и затоа нема намера да оди кон нормализација на односите со САД, а притоа нема многу да се врти ниту кон Русија. Иран, смета Абатов, со своите постапки секогаш докажувал и докажува дека има намера да е самостоен играч и дека нема на никој да се надева.

Останува непознато ќе го раскине ли Трамп договорот меѓу САД и Иран, и ако новиот претседател се одлучи на овој чекор по лансирањето на ракетата од страна на Техеран, тогаш тоа може да се претвори во првото сериозно искушение не само за неговата политика кон Блискиот Исток, но и во однос на Москва.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња