ТАСС
Елизавета Глинка, позната уште како „Доктор Лиза“, беше доктор по итна медицина и прв човек на фондот „Праведна помош“.
Нејзиниот фонд помага на луѓето кои имаат потреба - од бездомници и семејства со недоволни приходи до повредени од воените дејствија во Донбас и во Сирија.
На почетокот на декември Елизавета Глинка ја доби државната награда за високи достигнувања во областа на заштитата на човековите права. Веднаш штом ја доби наградата, лекарката замина за Сирија, за да продолжи да им помага на настраданите. Според Глинка активистите и луѓето на кои тие помагаат се надвор од политиката.
На 25 декември 2016 година доктор Лиза загина во авионската несреќа на Ту-154 во Црното Море во близина на Сочи.
EPA / Vostock-photo
Сергеј Ролдугин е виолончелист и диригент на Мариинскиот театар. Неговото име стана познато по објавувањето на „Панамската архива“. Според новинарите музичарот има регистрирани на свое име четири офшор-компании низ кои минувале трансакции со акции на државни компании.
Ролдугин е стар пријател на претседателот Путин, кој преферира да остане во сенка. По разобличувањето, музичарот заедно со Симфонискиот оркестар на Мариинскиот театар одржа концерт во ослободената Палмира, а потоа од рацете на претседателот го доби орденот „Александар Невски“ за "помош при извршувањето на хуманитарни мисии во странство“.
Kremlin.ru
Алексеј Уљукаев кој ја вршеше функцијата министер за економски развој кон средината на ноември, беше уапсен под сомнение дека зел поткуп во износ од 2 милијарди американски долари.
Според верзијата на истрагата поранешниот министер барал пари од претставник на „Роснефт“ во замена за позитивна одлука на министерството за компанијата да го купи контролниот пакет акции на „Башнефт“.
Не е јасно дали апсењето на министерот е последица на борбата против корупцијата или тој е жртва на војната со либералното крило во владата. Едно е сигурно: Уљукаев е највисокото лице кое е притворено во поновата историја на Русија.
Комерсант
Во март 2016 година Ела Памфилова стана претседател на Централната изборна комисија, откако го замени Владимир Чуров. И додека нејзиниот претходник се асоцираше со валкани избори, угледот на Памфилова засега е речиси беспрекорен.
Во септември се одржаа избори за Државната дума - први за Памфилова на новата должност. Но, и по изборите нејзината активност продолжува: ЦИК работи на отстранување на грешките и подобрување на изборното законодавство.
Новинарите велат дека Памфилова по правило лично одговара на телефонските повици и не избегнува од коментарите, што во рускиот политички естаблишмент се случува многу ретко.
Александр Шчербак / ТАСС
Владимир Кузнецов и Алексеј Стољаров се познати со прекарите Вован и Лексус. Тие станаа популарни благодарение на телефонските разговори со познати луѓе. На пример, Вован и Лексус му се јавија на Елтон Џон, претставувајќи се како Владимир Путин, за да поразговараат за правата на ЛГБТ заедницата во Русија. Меѓу другите нивни жртви се претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Украина Петро Порошенко.
Самите шегаџии ги нарекуваат повиците „новинарски пранк“ и тврдат дека на тој начин се обидуваат да добијат уникатни информации.
EPA
Јулија Ефимова е пливачка, која обезбеди учество на Русија на Олимписките игри во Рио де Женеиро. Спортистката успеа да го добие учеството во Игрите преку спортскиот арбитражен суд, бидејќи Меѓународната пливачка федерација одбиваше да ја допушти на трките поради нејзините проблеми со допинг пред две години.
Позитивната одлука на судот беше објавена на денот на отворањето на Олимписките игри. А, на трките спортистката излегуваше со негодувачки свирежи од публиката и зајадливи забелешки на противниците. Но, сето тоа не ја спречи Ефимова да освои две олимписки сребрени награди во дисциплините 100 и 200 метри градно.
AFP / East News
Илдар Дадин стана првиот човек во Русија, осуден за учество во ненајавени протести. Дадин стана познат откако беше објавено неговото писмо во кое тој детално ја опишува тортура на затворениците во затворот во Карелија. Во писмото Дадин ги обвинува вработените на поправната установа за кршење на правата на затворениците.
Писмата на Илдар Дадин иницира во Русија јавна дискусија за тортурата во затворите. Во затворот, во кој тој се наоѓа, се одржаа проверки, а руските медиуми почнаа да објавуваат приказни и на други затвореници.
Вадим Савицкиј / РИА Новости
Александар Прохоренко е руски војник, кој загина во борбите за ослободување на Палмира во Сирија.
Постариот лајтнант Прохоренко војуваше во Сирија од јануари - извршуваше задачи за насочување на воздушните напади на објектите на терористите. Во март тој заврши во тилот на противникот, а по една недела беше опколен од борците на ИДИЛ. Прохоренко влезе во борба со екстремистите, но не сакаше да се предаде и го предизвикува огнот врз себе. Заедно со загинатиот Прохоренко беа уништени и војниците на ИДИЛ што го беа опкружиле.
Телото на Прохоренко беше транспортирано во Русија и тој беше погребан со војнички почести на гробиштата во неговото родно село. Посмртно беше одликуван со „Златен медал“ за храброст и хероизам, пројавени при извршување на војничкиот долг, а исто така беше прогласен и за Херој на Русија.
Vostock-Photo
Во 2016 година „руските хакери“ станаа синоним за моќта на Интернетот. Западните политичари и медиуми ги обвинија токму руските хакери за најголемите сајбер-напади. Меѓу нив се објавувањето на кореспонденцијата меѓу членови на Демократската партија на САД и пробивањето на електронскиот систем на Светската антидопинг агенција (WADA). Како резултат на првиот јавноста ја доби преписката на вработени во штабот на демократите, која ја компромитира партијата. Вториот откри дека WADA им дозволувала на спортисти од САД да употребуваат забранети препарати.
Неодамна руските хакери беа обвинети за протекувањето информации од германското разузнавање, но тоа се покажа како грешка.
Росија 1
Четиригодишната Бела Девјаткина ја зачуди целата земја со тоа што зборува на шест странски јазици: англиски, француски, шпански, германски, кинески и арапски. Своите способности девојчето ги демонстрираше во шоуто „Прекрасни луѓе“, а видеото со нејзиното учество во кое таа на неколку јазици пее песни, чита и раскажува за себе, се рашири како вирус. Мајката на Бела, лингвист и професор по англиски јазик, комуницира со девојчето од раѓањето на руски и англиски, со цел да стане билингвална.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче