Посетата на премиерот на Турција, Бинали Јилдирим на Москва од 5 до 6 декември повторно покажа дека Анкара планира не само целосно да ги закрепне односите со Москва, кои беа нарушени по инцидентот од 24 ноември 2015 година кога турските воено-воздухопловни сили го соборија рускиот Су-24, но и да ги искачи на принципиелно ново ниво.
Јилдирим изјави дека двете страни можат да постигнат стоковна размена од 100 милијарди американски долари и дека во таа насока треба да се работи (според податоците на весникот Комерсант во 2015 година овој показател е само 23 милијарди американски долари). Во меѓувреме, претседателот Реџеп Таип Ердоган го ратификуваше договорот за изградба на гасоводот Турски тек - најголемиот руско-турски енергетски проект.
Во исто време не може да се каже дека руско-турските односи се обновени целосно. Продолжува да важи забраната за увоз во Русија на дел од турските производи; Москва не се има откажано и од визниот режим за граѓаните на Турција. Не се совпаѓаат и политичките позиции за конфликтот на Блискиот Исток: Русија го поддржува претседателот на Сирија Башар ал Асад, а Ердоган повикува на негово симнување.
Експертите истакнуваат дека Русија сака оживување на економските односи со напредокот во политичката сфера. „Додека не бидат решени политичките проблеми и прашањата за безбедноста, прерано е да се зборува за целосно обновување“, изјави за „Руска реч на македонски“ Владимир Аватков, професор на Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО) и директор на Центарот за источни студии. Конкретно, според зборовите на Аватков, токму поради проблемот со тероризмот, кој стои остро на територијата на Турција, засега Русија не го укинува визниот режим. Покрај тоа, смета експертот, сириското прашање е особено важно.
Турција трпи поголеми загуби од делумното замрзнување на економските односи, отколку Русија, посочува Јуриј Мавашев, шеф на политичкиот оддел на Центарот за проучување на модерна Турција. „За Москва, според достапните податоци, нема загуби, кои се споредливи со турските од ембаргото. Таа успеа да се пренасочи кон други снабдувачи“, забележува Мавашев.
Сепак и двете страни сфаќаат дека соработката треба да се врати, истакнуваат експертите. „Судејќи според изјавите на крајот на преговорите (на Јилдирим и на руското раководство), страните постигнале договор како и кога да се укинат санкциите против Турција“, вели Јуриј Мавашев. Владимир Аватков истакнува дека ако се суди по ратификацијата на договорот за Турски тек, тогаш економските односи ќе бидат обновени постепено.
Истовремено со подобрувањето на руско-турските односи Анкара се соочува со пад во односите со Западот, особено по обидот за државен удар во Турција на 15-16 јули 2016 година и последните апсења на опозициските политичари и новинари. ЕУ ја критикуваше политиката на Ердоган и го покрена прашањето за евентуално воведување санкции против Турција, а пак претседателот на Турција како одговор го стави под сомнеж продолжувањето на дијалогот за влез на Турција во ЕУ.
На 20 ноември Ердоган изјави дека како алтернатива на ЕУ Турција може да влезе во Шангајската организација за соработка (ШОС) - интеграциска група во која клучна улога играат Русија и Кина. Сега Турција има статус на партнер за дијалог во ШОС. Експертите се на мислење дека Ердоган не се пазари со Брисел, ами навистина ја разгледува варијантата за евроазиска интеграција на земјата.
„Не е првпат Анкара да се интересира за ШОС“, потсетува Јуриј Мавашев. „Турција никогаш не се сметала за исклучително западна земја, тоа е очигледно и за Европејците и за самите Турци“. Според туркологот пристапувањето на Турција би било профитабилно и за самата ШОС од гледна точка на економијата: „Потенцијалот на Турција е огромен: економските, човечките ресурси, транспортните коридори, хабовите и варијантите за решенија“.
„Турција отворено се измори да чека пред вратите на ЕУ“, вели Владимир Аватков. „Турција постепено станува центристичка земја ориентирана и кон Запад, и кон Истокот; таа се сфаќа себеси како евроазиски центар на привлекување“. Според експертот, за Русија тоа е поволно - Анкара се повлекува од исклучително прозападниот курс, но има и ризик: Турција може да се стреми да го зголеми своето влијание во постсоветскиот простор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче