Да се биде жена // Адила има маж и три сина, но ги нема видено две години. Сите четворица работат во градот Омск и не можат да се вратат дома зашто работодавачот им ги одзел пасошите и не сака да им ги врати.
Екатерина СавинаДа се чека // Фаришта го нема видено својот сопруг речиси една година. Само три недели по нивната венчавка тој заминал во Русија да работи.
Екатерина СавинаДа се биде силна // Анзурат живее во село оддалечено осум километри од патот. Сиот мебел морала самата да го пренесе до домот.
Екатерина СавинаДа се надеваш // Гулнамо и нејзиниот сопруг штедат за нова куќа. Тој работи во Русија 8 месеци годишно, така што за тоа време Гулнамо самата води грижа за куќата и за семејството. Се надеваат дека изградбата ќе започне за две години.
Екатерина СавинаДа се биде послушна // Сунам не сака на фотографијата да ѝ се гледа лицето, зашто се плаши дека нејзиниот сопруг во Русија може да види дека таа позира на странец.
Екатерина СавинаДа се издржи // Ашона живее со родителите на својот сопруг, а тие се мошне груби кон неа. Има многу обврски во училиштето за медицински сестри, а истовремено мора да ги извршува и сите домашни работи. Се надева дека ќе замине кај својот сопруг во Русија.
Екатерина СавинаДа се обезбеди греење // Бајзо живее во планинското село Кара Арт, близу пустината на Памира, каде температурата понекогаш се спушта дури и до -50 степени Целзиусови.
Екатерина СавинаДа се остане млада // 68-годишната Шукрона се грижи за четири мали внуци. Кога најмалото наполнило седум месеци, неговите родители заминале на привремена работа во Русија.
Екатерина СавинаДа се верува во љубовта // Само една од четирите ќерки на Саера е омажена. Сите момчиња од селото заминале да работат во Русија.
Екатерина СавинаДа се исполни должноста // Бахор се вратила дома по шест години работа во Москва за да се грижи за старите родители.
Екатерина СавинаДа се мечтае // Шахноза оди во училиште каде нема ниту еден наставник по странски јазик. Самата од книги учи руски, англиски и персиски. Мечтае да стане новинарка.
Екатерина СавинаДа се живее без оглед на сè // Малата Дулхуз ја одгледуваат нејзините баба и дедо. Никогаш не ги видела мајка си и татка си.
Екатерина СавинаПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче