д-р Асо Џанго Бурхан Талабани
Press PhotoОфицијалниот претставник на регионалната влада на Курдистан во Русија доктор Асо Џанго Бурхан Талабани за Газета.ру зборува за курдскиот град Сулејмани и за причините поради кои е отежната операцијата за ослободување на Мосул од ИДИЛ, за тоа каква улога играат во неа Курдите, шиитите, Турција и САД, а исто така и за ситуацијата во Киркук, кој е подложен на напади од страна на милитантите.
Колку успешно помина првата недела од операцијата за освојување на Мосул?
Асо Џанго Бурхан Талабани: Можам да кажам дека почетокот беше доста успешен. Само што сè оди многу бавно. Ситуацијата се усложнува и од настаните во Киркук. Вечерта во четвртокот над 100 терористи, меѓу кои имаше Чечени и државјани на Узбекистан, влегоа во градот и зазедоа таму неколку згради. Од петок (21 октомври) во Киркук, од каде самиот јас штотуку се вратив, се водат тешки борби. Загинаа 70 лица, а над 200 се повредени. Иако повеќето борци се ликвидирани, сè уште постои отпор. Според наши податоци стотина од најдобро подготвените борци пристигнале од Мосул во Киркук, за да го заземат и да го привлечат вниманието на коалицијата и сите други кои ја спроведуваат операцијата за ослободување на градот.
AP
Беше ли изненадување за пешмергите (курдските вооружени сили - заб. ред.) нападот против Киркук?
Д-р Талабани: Да, во последните две години овој град беше целосно под контрола на Курдите и таму се беше многу мирно. Никој не очекуваше ваков ненадеен напад.
Што уште го забавува текот на операцијата за ослободување на Мосул?
Д-р Талабани: Наоколу има многу минирани територии, затоа процесот ќе тече многу, многу бавно. Премногу долго ќе потрае и расчистувањето на самиот Мосул. Друг проблем е што мирните жители даваат поддршка на ИДИЛ. Во овој регион живеат главно Арапи сунити, а во владата на Ирак доминираат Арапите шиити. За време на владеењето на Садам Хусеин имаше суров однос кон шиитите. Сега многу луѓе во Мосул се плашат дека шиитите ќе се одмаздуваат и ќе даваат поддршка на ИДИЛ.
Колку борците на ИДИЛ има во Мосул денес?
Д-р Талабани: Околу 4.000-5.000.
Тоа е војна за уништување на сите кои се поддржувачи на ИДИЛ или ќе има преговори со борците?
Д-р Талабани: Пред извесно време навистина се дискутираше прашањето за откривање на коридор за повлекувањето на борците, но денес тоа веќе не е актуелно. Бидејќи и официјален Багдад, и коалицијата предводена од САД, треба да сфатат дека ако овие борци стигнат до Сирија, тогаш порано или подоцна тие ќе се вратат во Ирак и повторно ќе започнат војна.
AP
А, пешмергите имаа ли искуство со преговори со борците на ИДИЛ?
Д-р Талабани: Никогаш не сум слушнал ирачките Курди да своделе преговори со терористите од оваа организација. Со нив не може да се договори. Има само еден излез - нивното уништување.
А според мислењето на раководството на Ирачки Курдистан градот ќе биде ли ослободен од борците?
Д-р Талабани: Потребни се неколку недели. Засега сè оди според планот.
Влегуваат ли пешмергите официјално во коалицијата предводена од САД, или дејствуваат како дел од владините сили на Ирак?
Д-р Талабани: Армијата на ирачките Курди дејствува како посебен играч. Постои договор помеѓу НАТО и пешмергите, а исто така и помеѓу пешмергите и ирачката владина армија. Според договорените правила Курдите ќе дејствуваат само надвор од Мосул, тие нема да влегуваат во самиот град. Во него ќе влезе само полицијата и владините сили. Засега ирачката армија е далеку од градот. Ние, пак, веќе ослободивме неколку села, остана уште малку.
Д-р Талабани: Над 15.000. Мислам дека барем половината треба да бидат вратени во Киркук, бидејќи за нас е поважно да го заштитиме Киркук отколку Мосул. Ќе забележам дека во редовите на пешмергите нема ниту еден ирачки или американски војник.
Од вторник Турција објави дека исто учествува во ослободувањето на Мосул. Какви цели, според вас, има Турција во Ирак?
Д-р Талабани: Се сомневаме дека Истанбул помага на одредени групи борци. Многу е веројатно Турците да ги напаѓаат турските и сириските Курди, кои според нив, исто така, се терористи. Се надевам дека Американците и Багдад нема да им дозволат да учествуваат. Кај Мосул Турците имаат огромна база - Баашика која постои веќе неколку месеци. Таму има околу 3.000 турски војници.
Д-р Талабани: Ирачката армија отсекогаш имала советска техника, но денес Багдад купува и современа американска опрема. Од руското оружје владините сили имаат авиони Сухој, хеликоптери Ми-28, Ми-35. Од Американците Ирак има купено F-16. Курдите немаат авијација, а што се однесува до надземна техника, станува збор за стари советски тенкови, а исто така и за многу оклопни Хамери: речиси сите имаат руски и американски митралези. Курдите активно користат руски РПГ и автомати Калашников.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче