Учесници во протестниот марш „Ние сме обединети“ во Москва на Денот на националното единство
Евгениј Бијатов / РИА „Новости“Невладината организација „Левада-центар“ во периодот од 5 до 8 август спроведе анкета во која граѓаните на Русија ги обележаа понудените одговори на прашањата поврзани за западните санкции и за возвратните мерки на Русија.
Обидот на Западот да ја изолира Русија поради ставот на Москва во врска со настаните во Украина ги загрижува 78% од граѓаните на РФ, со тоа што 40% од граѓаните се „мошне загрижени“. Оваа тема воопшто не го вознемирува секој петти испитаник (20%). Споменатите показатели во анкетите на НВО „Левада-центар“ не се сменети во изминативе две години. Имено, во 2015 година, според анкетата на споменатата НВО, обидите за изолација ги загрижува 78%, а не беа загрижени 18% од населението на Русија, додека во 2014 година нивниот сооднос беше 80 наспрема 16%.
Политичките и економските санкции што земјите од Западот ги воведоа на Руската Федерација ги загрижува 77% од испитаниците, а од нив 39% се „мошне загрижени“. За ова не се грижат 21% од испитаниците. Овие показатели во 2015 година според анкетата НВО „Левада-центар“ изнесуваа 78% и 19%, а во 2014 година 79% и 18%.
Дека санкциите од западот влијаеја на економската ситуација во Русија, сметаат 72% од граѓаните, а од нив 29% сметаат дека ситуацијата е во голема мера влошеа, додека 20% сметаа дека санкциите воопшто не се одразиле на руската економија.
Повеќето од половината граѓани на Русија (58%) сметаат дека „политиката на забрана на увоз на прехранбени производи од Европа и од САД е ефикасна и веќе носи позитивни политички резултати, зашто Русија сега ужива поголема почит во светот и нејзините интереси се земаат предвид. И обратно, 23% од испитаниците се определиле за понудениот одговор дека ваквата политика е „бесмислена, апсурдна и штетна, и пред сè нанесува штета на населението на Русија“. 19% од испитаниците не се определило за ниту еден од двата понудени одговори.
70% од анкетираните граѓани сметаат дека Русија и понатаму треба да презема возвратни мерки кон западните земји кои ѝ имаат воведено санкции. Ваквиот став во анкетите на НВО „Левада-центар“ од 2014 и 2015 година имале 68% од испитаниците. Секој петти (21%) е уверен дека треба да се бараат компромиси и да се прават отстапки со цел земјата да се ослободи од санкциите (во 2015 година вака мислеа 20%, а во 2014 година 22% од населението).
Резултатите од анкетата ја одразуваат сегашната состојба на руското општество, смета социологот на „Левада-центарот“ Наталија Зоркаја, која во оваа невладина организација раководи со социјално-политичките истражувања. „По соединувањето на Крим со Русија поголемиот дел од граѓаните себеси се асоцира со државата и подготвени се да ги трпат санкциите и обидите за изолација поради идејата за 'голема сила' од која сите на светот се плашат“, сметаат претставничката на невладината организација.
Таа смета дека за граѓаните на Русија е карактеристичното неповрзување на проблемите од секојдневниот живот со политиката. Тие се свесни дека санкциите и обидите за изолација нанесуваат штета, но истовремено се радуваат на контрасанкциите и ја поддржуваат актуелната надворешна политика. Тоа е состојба на разделени слоеви на свеста“, убедена е Зоркаја.
За разлика од неа, Михаил Черниш и Институтот за социологија на Руската академија за наука го дава следново објаснување на ситуацијата: „Не гледам никакви противречности во резултатите од анкетата. Санкциите и обидите за изолација ги вознемируваат граѓаните, ни вознемиреноста не поразбира откажување од нешто“. Според мислењето на рускиот социолог, огромно мнозинство на жителите на Русија смета дека сите се виновни, а не само Русија и дека поради тоа Русија треба да продолжи со својата политика.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.