Прашања и одговори за соборениот хеликоптер во Сирија

Човек ги проверува остатоците од рускиот хеликоптер што беше соборен на северот на провинцијата Идлиб која е под контрола на бунтовниците. 1 август 2016, Сирија.

Човек ги проверува остатоците од рускиот хеликоптер што беше соборен на северот на провинцијата Идлиб која е под контрола на бунтовниците. 1 август 2016, Сирија.

Ројтерс
Припадниците на терористичката организација Ал Нусра на 1 август го соборија рускиот воено-транспортен хеликоптер Ми-8 во сириската провинција Идлиб. Загинаа сите пет члена на екипажот. Што се знае во моментов за нападот и дали беше можно да се спречи загинувањето на руските офицери?

Видео од местото на уривањето на хеликоптерот

1. Во кој правец летал Ми-8?

Воено-транспортниот хеликоптер Ми-8 летал во воздухопловната база Хмејмим по завршувањето на мисијата за доставување хуманитарна помош на жителите на Алепо.

2. Кој го урнал хеликоптерот?

Ми-8 од земја го соборија припадниците на терористичката организација Ал Нусра во провинцијата Идлиб.

3. Како е соборен хеликоптерот?

Во моментот на нападот хеликоптерот летал на висина од 4.500 метри. Борбеното летало на тоа растојание од земјата можат да го соборат или системи за ПВО, што терористите не ги поседуваат, или преносливи противавионски ракетни системи.

Според воениот експерт на агенцијата ТАСС Виктор Литовкин, терористите отвориле оган од рускиот преносен зенитно-ракетен комплекс (ПЗРК) „Игла“ кој им паднал в раце од ограбениот магацин во Либија, или од американски ПЗРК „Стингер“, кој ѝ бил испорачуван на умерената опозиција, но се нашол во рацете на терористите.

4. Како постапува посадата кога врз хеликоптерот ќе се исфрли ракета со термичко наведување?

Според инструкциите, посадата требала да примени топлотни мамки кои ги привлекуваат ракетите со инфрацрвено наведување.

„Овој систем функционира како светлечка ракета. Исфрлената ракета ја 'привлекува' боевата глава, зашто има поголема температура од моторот на хеликоптерот“, изјави за „Руска реч на македонски“ воениот аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов.

5. Зошто хеликоптерот летал без борбена придружба?

Според Литовкин, тоа е пропуст на раководството на контингентот на руските воздушно-космички сили во Сирија, а исто така и пропуст на сириската разузнавачка служба, која на руската команда ѝ соопштила дека на патеката на која лета Ми-8 нема терористи.

6. Дали Ми-8 имал оружје?

Како што за „Руска реч на македонски“ наведе извор од Министерството за одбрана на РФ, за време на мисијата на Ми-8 се наоѓале само фиксирани митралези со муниција.

7. Какви ракетни касети се пронајдени на местото каде се урна Ми-8?

https://twitter.com/bjoernstritzel/status/760063392627494912

https://twitter.com/EliotHiggins/status/760058865685790722

Според Александар Храмчихин, заменик-директор на Институтот за политичка и воена анализа, на хеликоптерот можат да се натоварат касети за управувачки и за неуправувачки реактивни проектили.

„Во војна нема 'чисто транспортни летала'. Прашање е само какво задачи треба да извршува секој конкретен хеликоптер. Ми-8 има борбена компонента, но примената во борба не е примарна намена на овој хеликоптер. Тој во таа смисла не може да се спореди со Ка-52“, изјави Храмчихин за „Руска реч на македонски“.

Загубите на руската армија во Сирија

Рускиот контингент во Сирија сега за првпат од почетокот на операцијата (односно од 30 септември 2015 година) во еден напад изгуби петмина свои припадници. Претходно загинаа вкупно 14 руски војници и офицери.

Последниот од нив беше убиен на 22 јули кога беше активирана експлозивна направа од рачна изработка, исто така за време на испорака на хуманитарна помош за настраданите жители на Алепо.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња