ИДИЛ повторно ѝ се заканува на Русија

Исламистички милитанти со знамиња во текот на воената парада во сирискиот град Рака на 30 јуни 2014 година. Борците ја одржаа парадата за одбележување на прогласувањето на исламскиот „калифат“ откако групата зазеде територија во соседниот Ирак.

Исламистички милитанти со знамиња во текот на воената парада во сирискиот град Рака на 30 јуни 2014 година. Борците ја одржаа парадата за одбележување на прогласувањето на исламскиот „калифат“ откако групата зазеде територија во соседниот Ирак.

Ројтерс
Експертите сметаат дека новите закани од страна на бунтовниците на адреса на Русија се поврзани со поразите кои тие ги претрпуваат во Сирија. Опасноста од терористички напади притоа е сосема реална.

Во неделата, на 31 јули, на Јутјуб се појави видео од групата Исламска држава која е забранета во Русија. Маж со покриено лице се заканува: „Путин, слушаш? Ние ќе дојдеме и во Русија и таму ќе ве убиеме, иншала“ и ги повикува бунтовниците-исламисти да организираат џихад во Русија. Како што јавува Ројтерс, линкот на видеото беше поставено на акаунтот на Телеграм, поврзан со бунтовниците.

Во Кремљ веќе успеаја да изреагираат на изјавата на терористите. „Слични закани не можат да влијаат на политиката на Русија за борба со тероризмот“, изјави портпаролот на Путин Дмитриј Песков. Тој исто така подвлече дека не треба „хипертрофирано да се однесуваме“ кон заканите на терористите, кои „го виткаат опашот“.

Зошто имено сега?

Арабистот Владимир Ахмедов, постар научен соработник во Институтот за ориенталистика при Руската академија на науките смета дека ИДИЛ решила повторно да ги повика своите приврзаници на џихад против Русија, со оглед на тоа дека операцијата се што ја изведуваат од руските воено-космички сили ѝ нанесуваат на групата сериозни порази. „ИДИЛ имаат сериозни загуби. Според различни податоци, оваа група има изгубено од 30 до 50 проценти од територијата што ја има окупирано во Сирија“, вели за „Руска реч на македонски“ Ахмедов.



Со Ахмедов се согласува и Сергеј Гончаров, претседател на меѓународната асоцијација на ветерани на одделот за борба против тероризмот „Алфа“. Тој ја поврзува заканата кон Русија со бранот терористички напади кои се случуваат во земјите од Западот: „Претрпувајќи порази, ИДИЛ се обидува да ги пренесе своите терористички дејствија надвор од границите на Сирија. Под удар се најдоа земјите од Европа, САД, а можеби и Русија“.

Колку е реална заканата?

Засега на територијата на Русија се немаат случени големи терористички напади од страна на ИДИЛ: единствен напад на оваа група, во кој загинаа голем број Руси, останува експлозијата на Ербас А321 над Синајскиот полуостров на 31 октомври 2015 година (224 загинати). Но, без оглед на тоа, експертите повикуваат на максимално сериозен однос кон терористичките закани.

„Во ИДИЛ се борат од 2 до 4 илјади луѓе од Русија, најмногу Чечени и претставници на други народи од Северен Кавказ“, потсетува Владимир Ахмедов. Според мислењето на експертот, според тоа како што групата ќе претрпува воени порази во Сирија и во Ирак, сосема е можно враќање на борците на територијата на Русија за извршување терористички напади.

Во исто време Сергеј Гончаров забележува дека Русија е помалку подложна на терористички напади од Европа. „Земјите од Европа се преполни со бегалци и со мигранти, меѓу кои има и 'тивки' агенти на ИДИЛ кои можат да бидат активирани во секој момент. Во Русија тоа не постои“.

Како Русија се бори со заканата?

Гончаров смета дека руските специјални служби во целост се справуваат со заканата. „Нашите граници се контролираат, разузнавачкиот апарат има многу податоци за оние бандити и платеници кои војуваат во Сирија“, вели експертот. Според Гончаров, специјалните служби се во состојба да не допуштат враќање на борците во Русија.

Многу кратко пред објавувањето на видеото со заканите директорот на Федералната служба за безбедност Александар Бортников изјави дека ресорот води систематска работа за спречување терористички напади. „Бројот на потенцијални псевдошахидисти кои се под контрола надминува 220 лица“, вели Бортников, истакнувајќи дека Федералната служба за безбедност соработува со странските специјални служби, меѓу кои и со американските, во рамките на борбата со меѓународниот тероризам.

Владимир Ахмедов е уверен дека без оглед на заканите од ИДИЛ, неопходно е да продолжи операцијата во Сирија – тоа е единствен начин да се нанесе пораз на групата и да се спречат терористички напади. „Важно е не само да се уништи ИДИЛ, туку и да се уништи нејзината социјална база“, смета експертот. Според него, доколку ИДИЛ остане без територија и без поддршка на територијата на Сирија, нејзината популарност ќе опадне.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња