НАТО се приближува кон руската граница, но сака дијалог со Москва

Ројтерс
Северноатлантската алијанса ги придвижува своите трупи сè поблизу кон границите на Русија и истовремено се залага за дијалог со Москва. Руските воени експерти го толкуваат тоа како НАТО да „сака мир, а всушност се подготвува за војна“, но истовремено нагласува дека Москва презема дополнителни возвратни мери кон овој воен блок.

Северноатлантската алијанса ќе лоцира дополнителни 4 дивизии во Полска и во балтичките земји. Оваа одлука беше обелоденета на самитот во Варшава. Во рамките на овој договор планирани е 4.000 војници на Алијансата од 2017 година да бидат испратени на ротирачко дежурство.

Северноатлантската алијанса на овој начин формално не го крши основниот акт Русија – НАТО потпишан во 1997 година. Според овој договор, Алијансата се обврзува да не лоцира „значителен број воени контингенти“ во близина на територијата на Русија.

Членовите на Алијансата исто така објавија дека европската компонента на противракетната одбрана на САД подигната врз основа на нивото на борбената подготвеност. Тоа значи дека воената морнарица на САД на базата Рота во Шпанија, радарскиот систем во Турција и ракетите-пресретнувачи во Романија веќе заеднички функционираат во насока на спротивставувања на можните закани на Алијансата.

Американските воени бродови и понатаму наминуваат во Црно Море, што предизвикува негативна реакција кај Москва. Страните наскоро и официјално ќе контактираат на заседанието на Советот Русија – НАТО што ќе се одржи на 13 јули. Раководството на Алијансата веќе изрази желба да преземе низа „мерки кои влеваат доверба“. Меѓу нив е монтирање транспондер (систем за определување на припадност на леталата) на воените авиони на НАТО и на Русија, како и договор за навремено спречување инциденти во воздух и на море. Доколку се постигне договор за споменатите предлози, тоа веќе ќе значи дека е дојдено до релаксирање на затегнатоста во односите.

Меѓутоа, засега никако не може да се каже дека таа затегнатост е попуштена. Во пресрет на самитот на НАТО претседателот на САД Барак Обма во статија за „Фајненшал тајмс“ напиша дека Русија ја загрозува територијалната безбедност на Европа и дека таа опасност е на исто ниво како дејствувањето на припадниците на Исламска држава. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова одговори дека „НАТО живее во паралелен военополитички Свет“ и дека „ги концентрира своите напори за одвраќање на непостоечката 'закана од Истокот'.

Руско видување на резултатите од самитот

Според мислењето на Владимир Евсеев, воен експерт и заменик-директор на Институтот за проучување на земјите од ЗНД, НАТО со распадот на Советскиот Сојуз ја изгуби смислата на своето постоење, а сега, од почетокот на кризата во Украина, во свеста на граѓаните на неговите членови се појави нова смисла, а тоа е потребата од давање отпор на Москва.

„Во политички аспект непостоечката 'руска закана' и вистинската опасност што ја претставуваат припадниците на Исламска држава ќе ѝ помогнат на Алијансата да се обедини во времето на Брегзит и порастот на слични центрифугални сили во Европа“, истакнува рускиот експерт.

Според него, Москва го доживува резултатот на самитот како умерено негативен, со оглед на тоа дека можел да биде значително поостар, но не можел да биде поблаг. „Ова е еден вид компромис. Формално се прокламира подготвеност за соработка, а фактички се спроведува политичко одвраќање, и уште во поголема мера заплашување на Русија. Тие сакаат мир, а всушност се подготвуваат за војна“, додава аналитичарот.

Како што изјавува Виктор Мураховски, главен уредник на списанието „Арсенал Отечества“ Русија нема да презема никакви дополнителни возвратни мерки во врска со потезите и со политичките изјави на НАТО.

„Министерството за одбрана се потпира на вистинскиот воен потенцијал на нашите партнери од НАТО, а не на изјавите на раководителите и на политичарите. Нашиот воен ресор го реализира планот за изградба на вооружените сили на Русија кои ги усвои претседателот за периодот до 2025 година. Во рамките на овој план се поставуваат нови единици во Западниот воен округ и се спроведува сеопфатна модернизација на армијата“, истакнува Мураховски.

Во рамките на возвратните мерки кои веќе се реализира министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу во јануари 2016 година најави формирање три нови дивизии (дивизијата во мирновременски услови брои до 13.000 војници) на западните граници на Русија со цел да се создаде противтежа на одлуките на Алијансата кои тогаш беа во подготовка, а сега во Варшава се и административно потврдени.

Ќе стаса ли НАТО до Азија?

САД и НАТО веќе можат да „фрлат око“ и на Азија, смета Евсеев. „Администрацијата на САД сфаќа дека за зачувување на военополитичката доминација на светската политичка сцена не е доволно само да се зајакне машинеријата за вршење влијание во Европа, ами треба да се пренесуваат и во Азија, поради одвраќање на заканата која сè повеќе претставува Кина“, истакнува Евсеев.

Според него, Вашингтон веќе започна со производство на 12 разорувач со наведувачки ракети за зајакнување на својот контингент на военоморските сили во азиско-тихоокеанскиот регион.

„Под изговор за заострување на односите со Руската Федерација, Америка постепено ќе се придвижува кон азиско-тихоокеанскиот регион. Оваа тенденција ќе се зајакне кога на власт ќе дојде новиот претседател, без разлика на тоа кој ќе влезе во овалниот кабинет – дали Трамп или Клинтон“, смета Евсеев.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња