Durex забранет: што велат социјалните мрежи?

„Дурекс“ кондомите се забранети во Русија од 16 јуни 2016 година.

„Дурекс“ кондомите се забранети во Русија од 16 јуни 2016 година.

Наталија Гарнелис / ТАСС
Руските корисници бурно реагираа на забраната за продажба на популарната марка презервативи.

Руската Федерална служба за надзор во областа на здравството на 16 јуни во земјата ја забрани продажбата на британските презервативи Durex. Во моментот на забраната оваа марка беше на второ место по популарност во Русија, а пред неа е само Contex.

Според првиот човек на Федералната служба за надзор во областа на здравството Михаил Мурашко, презервативите се забранети поради тоа што не се регистрирани според протоколот. „Медицинските производи треба да поминат низ техничка и токсиколошка проверка, а сето тоа треба да мине низ експертиза на Федералната служба за надзор во областа на здравството“, го цитира новинската агенција ТАСС Мурашко.

Како што пишува весникот РБК, Durex се соочил со проблеми поради тоа што при регистрацијата на производите компанијата не ги навела конкретните имиња на различните видови (Classic, Real Feel, Extra Safe итн.). Како резултат на тоа излегува дека самата марка Durex во Русија е како и претходно дозволена, но сите 11 видови презервативи од овој бренд се забранети.

Враќање на пазарот

Производите на Durex не исчезнаа од Русија засекогаш: компанијата-производител веќе ги поднесе до Федералната служба за надзор во областа на здравството документите за регистрација, и доколку таа нема никакви забелешки за документите, презервативите од оваа марка можат да се вратат во продавниците. Сепак, не е јасно колку време ќе одземе пререгистрацијата. Засега Durex во Русија може да тргува само со лубриканти и со гелови – овие производи не се забранети.

Михаил Мурашко забележа дека Русија во секој случај нема да остане без презервативи, со оглед на тоа што во земјата се регистрирани над 60 бренда.

Реакција на социјалните мрежи

Оние Руси кои не се рамнодушни на ваквата одлука не се забавија да ги искажат на социјалните мрежи своите емоции во врска со забраната за продажба на Durex.

Оние што сочувствуваат го изразија своето мислење со популарен метод:

„Je suis Durex“

Конспираторите бараа заговор:

„Според гласовите забраната на презервативите Durex  претставува лобирање на претставниците на компанијата 'Фруто Њања' (најголемиот производител на детска храна – заб. ред.)“

Аналитичарите, потпирајќи се на искуството од последниве години во врска со замената на увозот, направија смели изјави:

„Како замена за презервативите Durex ќе биде започнато производство на домашни производи во Јарославската фабрика за шини“

Се сетија и на неодамнешниот случај со уништување на производите што се под санкција:

Путин: „Сè сте измешале! Доматите треба да се гмечат, а презервативите да се дупчат“

 

Песимистите предвидоа тажен резултат од настаните:

„Русите почнаа да ги перат забранетите презервативи Durex по секое користење“

Оние што се посебно надарени за бизнис дојдоа до заклучок дека забраната на Durex  не е лоша можност за заработка:

„Продавам Durex  во добра состојба, без поминати километри во Русија“

Мајсторите на фотошоп ни претставија како ќе изгледа трговијата со презервативи на црно:

«Псссст!.. Д не ти треба малку 'дурекс'?“

А, филозофите се потсетија на вечните вредности:

„Кому му е потребен тој Durex, кога незабранет остана доширак (евтини нудли за брза подготовка – заб. ред.) и вотка за 190 рубљи (2.8 американски долари)?“

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња