Противракетен систем во Европа: постои ли закана за Русија?

AP
Во Москва ја определија основата на американската противракетна одбрана (ПРО) во Романија како закана за безбедноста на Русија. Вашингтон и Брисел тврдат дека системот за ПРО не е насочен против Русија и е немоќен против руските ракети. Но, дали е тоа така и во реалноста?

Првата база создадена од Американците за противракетна одбрана (ПРО) Aegis беше отворена во Романија на 12 мај. Следниот ден започна изградбата на вториот надземен објект за ПРО во Источна Европа - во полското село Реѕиково, во северниот дел на земјата.

Воените лица од НАТО тврдат дека овој систем воопшто не се заканува Русија. Во Москва, пак, реагираа нервозно на веста за објекти за ПРО. „Не постои сомнеж дека распоредувањето на системот за ПРО е реална закана за безбедноста на Руската Федерација“, изјави Дмитриј Песков, порт-паролот на претседателот на Русија.

НАТО: ПРО не е насочен против Русија

САД и НАТО се обидуваат да ја убедат Москва во спротивното веќе 15 години - Вашингтон излезе од договорот, со кој се забранува развивање и имплементирање на системи за ПРО, уште во 2001 година. САД тврдат дека проектот за ПРО во Европа е дел од планот за создавање на глобален систем за ПРО и не е насочен кон уништување на нуклеарниот ракетен потенцијал на Русија. На Запад нагласуваат дека создаваат ПРО поради потенцијалните закани од страна на Иран и Северна Кореја.

На 12 мај, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека системот за ПРО физички не може да се заканува на руските ракети. „Географијата и физиката не ни дозволуваат да ги уништуваме руските интерконтинентални балистички проектили (МБР), бидејќи нашите штитови за ПРО се премногу мали и се наоѓаат или премногу далеку на југ, или премногу блиску до границите на Русија“, изјави шефот на Северноатлантскиот сојуз.

„Во потесна смисла на зборот, ако зборуваме за романската база, Столтенберг безусловно има право - тие не само што немаат намера да го користат против Русија, но и не можат“, изјави за „Руска реч на македонски“ воениот експерт на изданието Lenta.ru Константин Богданов.

Извор: APИзвор: AP

Русија: американскиот ПРО не се ограничува со Девеселу

Базата во Девеселу сепак е само еден од елементите за создавање систем за ПРО Aegis. Останатите нејзини составни делови не се толку невини од гледна точка на руските војници.

Во Москва сметаат дека базата за ПРО во полското село Реѕиково која мора да биде пуштена во 2018 година, потенцијално може да им се заканува на руските МБР. За тоа стануваше збор уште на Првата московска конференција за безбедност во 2012 година.

Според руските специјалисти по појавата на повеќе напредни американски ракети-пресретнувачи како што се SM-3 Block IIA и Block IIВ, САД ќе можат да напаѓаат некои руски стратешки ракети. Станува збор за оние кои се истрелуваат од западните и северозападните делови на Русија во насока Северна Америка. Новите американски ракети ќе се појават, како што се очекува, во дваесеттите години на овој век.

Мобилните компоненти на Aegis - ракетите-пресретнувачи, распоредени на воените бродови многу повеќе го загрижува рускиот воен ресор од објектите за ПРО во Романија и Полска. Експертите нагласуваат дека во случај на воен конфликт овие бродови можат да бидат поставени крај бреговите на Скандинавија, на пример во Норвешкото Море. Токму над овој регион минува сноп од траектории на руските МБР насочени кон Северна Америка.

Русија: нарушен е договорот за ракетите со среден и краток дострел (РСМД)

Појавата на база за ПРО во романското село Девеселу предизвика протестите кај Москва не само во контекст на комплексната архитектура на системот за ПРО. Руски воени лица и дипломати тврдат дека базата во Романија го нарушува договорот за искоренување на РСМД од 1987 година.

Работата е во тоа што противракетните лансирни летала во романската база може да се користат за копнени лансери за крилати ракети, а тоа е забрането со договорот. САД тврдат дека немаат намера да користат лансирни летала за оваа намена. Константин Сивков на Академијата за геополитички проблеми сепак коментира дека самото создавање на инфраструктура која ги прави можни ваквите лансирања, е „грубо прекршување на договорот за РСМД“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња