Како руската политичка емиграција подготвува револуција?

Виталиј Белоусов / РИА Новости
Половина година пред изборите се активира не само власта, туку и нејзините противници. Во Лондон двајца милионери планираат револуција во Русија и отворено го изјавуваат тоа. Тие, сепак, нема да дејствуваат активно, ами ќе чекаат грешки.

Да се урне Путин од власта, да се постави привремена администрација, а потоа - како ќе тргне: на малата сцена еден наспроти друг седат двајца руски емигранти, двајца бизнисмени со амбиции на револуционери. Тоа се Михаил Ходорковски и Евгениј Чичваркин.

Првиот е поранешен нафтен магнат, а вториот е сопственик на најголемата компанија за трговија со мобилни телефони во Русија, исто така поранешен. Тие седат во Лондон, а нивната публика е во Москва, тие прават телевизиски мост.

Три дена пред „мостот“, на 15 април, на сајтот на организацијата „Отворена Русија“ (формирана од Ходорковски) се појави неговата најава-манифест: „Нашата цел е во релативно недалечна перспектива да постигнеме отстранувањето на Путин и на неговите пријатели од власта, да го активираме политичкиот процес во Русија и да ги гарантираме првите апсолутно отворени и фер избори“.

Ниту Чичваркин ниту Ходорковски се појавувале во Русија, откако ја напуштија. Сега, сепак тие се убедени дека револуцијата е неизбежна, револуцијата ќе биде направена од рацете на емигрантите, од нивните раце. „Никогаш не сум планирал да се занимавам со политика“, срамежливо вели Чичваркин.

Кои се всушност лондонските „револуционери“?

„Имав 55 милиони купувачи, опслужував една третина од населението на земјата“, се сеќава Евгениј Чичваркин, седејќи на сцената во кариран костум со долга обетка на увото. Својата империја која се нарекува „Евросет“, тој ја создаде во 1997 година, а во 2008 во централната канцеларија беше извршен претрес и против Чичваркин беше покренато обвинение за киднапирање на човек и за уцена.

Патем, милијардерот е убеден дека тоа била измама. На крајот, тој го продаде „Евросет“, а во емиграција се зафатил со продажба на елитни вина.

„По што е познат Чичваркин? Тој има репутација на ексцентрик и во животот, и во политиката“, вели политикологот, член на експертскиот совет на Институтот за социо-економски и политички истражувања Алексеј Зуди. Екстравагантни постапки и облека, успешен претприемач, иако е доста помала фигура во споредба со поранешниот нафтен магнат, искрено може да се каже 'фрик'“, дополнува Зуди.

По промената на власта во Украина Чичваркин сакаше таму да ја заземе функцијата министер за економија, но тоа не се исполни. Во 2015 година медиумите му ја припишаа функцијата шеф на „Укрнефт“, водечка нафтено-гасна компанија во Украина (и тоа не се случи). Сега од лондонската сцена тој вели дека Украина ја чекал нов „Мајдан“, а од обоените револуции луѓето не треба „да се плашат“. Ходорковски се смешка снисходително.

Поранешниот прв човек на „ЈУКОС“, исто така не сакал да се занимава со политика, откако помина во затвор 10 години и беше помилуван, но по Олимпијадата во Сочи, според него, власта станала многу сурова. Тогаш Ходорковски започна од Лондон да зборува за револуција, а во Русија против него беше поднесена тужба – беше обновена истрагата за убиство од 1998 година.

Како ќе го отстранат Путин?

Ходорковски не рече ништо поинакво од претходните изјави: претстојните избори за пратеници во Државната дума се „недоизбори“, во 2018 година, исто така, нема да има промена на власта, а револуцијата е закажана за 2024 година „или неколку години пред тоа“. Чичваркин посочи дека симнувањето од власта треба да се случи преку образовни иницијативи и потсети дека промената на власта во Чешка во 1989 година започнала токму со демонстрација на наставниците.

Политиколозите само креваат раце - овие изјави се „отворена авантура“. Како и секогаш сериозниот и пресметлив Ходорковски изгледа чудно на иста сцена со Чичваркин. Дали лондонските „револуционери“ го сфаќаат тоа? Сигурно.

Само што на почетокот на новиот изборен циклус е важно да се дефинираат позициите. Ако сè помине мирно - добро, а ако има турбуленции, тогаш „секогаш може да се каже дека ова се нашите напори“, коментира претседателот на Институтот за национална стратегија Михаил Ремизов. Покрај тоа таму знаат дека ако не можеш да работиш на големо, тогаш креирај локални информативни предизвици и чекај грешки од властите.

При определени околности тие можат, ако не им се истенчат нервите, барем да остават зад себе некаква трага, коментира претседателот на Фондот „ИНДЕМ“ Георгиј Сатаров. За таа целта сепак треба да се совпаднат многу фактори.

Политичкиот систем во Русија сега е исклучително отпорен, а внатрешната криза е прашање што слабо зависи од политичките емигрантите, заклучуваат експертите. Сега е целосно можна забрана на каква било активност поврзана со структурите на Ходорковски и неговиот протеже во Русија (еден час пред почетокот на „мостот“ во горниот дом на парламентот дозволија забрана на „Отворена Русија“ – заб. ред.). Логично, опалните бизнисмени отворено се дефинираат како неуставни сили.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња