Во рудникот „Северни“ во градот Воркута (1.880 километри североисточно од Москва) на длабочина од 748 метри на 25 февруари одекнаа две експлозии. Од 111 луѓе колку што беа под земјата за време на несреќата, загинаа 30 лица, додека останатите успеаја да излезат на површината.
За време на спасувачката акција на 28 февруари дојде до трета експлозија која однесе уште 6 човечки животи. Тогаш беше донесена одлука спасувачката работа привремено да биде запрена. Телата на 26 загинати рудари сè уште се наоѓаат под урнатините на рудникот.
Ова не е прв ваков случај. Во руските рудници често се случуваат несреќи поради уривања, пожари и поплаво. Но, најтрагичните случаи се поврзани за експлоазија на мешавина на јаглен прав и метан до која доаѓа порад кршење на безбедносните норми,ја коментира за „Руска реч на македонски“ ситуацијата Александар Сергеев, шеф на Независниот синдикат на рудари на Русија. На пример во рудникот „Воркутински“ не се почитувала шемата за вентилација и поради тоа во 2013 година дојде до поголема концентрација на јаглерод моноксид и метан, што предизвика трагедија во која животот го загубија 19 лица.
Во руските рудници често доаѓа до несреќи поради човечки фактор, односно вмешување во системот за автоматска контрола на гасот. Сергеев како пример ја наведува најголемата несреќа во историјата на современа Русија во рудникот „Уљјановск“ во 2007 година. Директорот на рудникот наредил да се изменат податоците на сензорот за контрола на гасот, со цел рудникот да не биде затворен поради надмината норма на јаглерод моноксид. Загинаа 110 лица.
Според прелиминарната верзија на истрагата, несреќата во рудникот „Северни“ е од „рударско-геолошка појава од природен карактер“. Но, Александар Сергеев смета дека оваа верзија не е убедлива. Тој смета дека до несреќата дошло поради тоа што не се почитувани мерките за безбедност. „Не е коректно да се тврди дека причините за несреќата се природни, зашто тоа претставува сопствен непрофесионализам. Рудникот 'Северни' имал свој систем за сеизмички мониторинг GITS“, вели Сергеев.
Дарја Трјасој, ќерка на еден од загинатите рудари во рудникот „Северни“ во Воркута, на социјалните мрежи напиша дека три недели пред трагедијата, нејзиниот татко се жалел на недозволеното високо ниво на концентрација на метан во рудникот.
„Рударите често ризикуваат“, вели еден од рударите кој сакаше да остане анонимен. „Нашата заработувачка зависи од она што сме го стаботиле и затоа често мораме да се правиме дека не ги забележуваме помалите кршења на мерките за безбедност, за да не губиме работни денови на различни проверки. Треба да се нахрани семејството, да се отплатува кредит за стан и некако да се поврзе крај со крај“.
Сепак, бројот во несреќи во руските рудниси е сè помал. На пример, во 2004 година се случија 33 несреќи кои однесоа 148 човечки животи, а во 2014 година имаше 8 несреќи и 26 смртни случаи.
Со цел да се намали бројот на несреќи во руските рудници неопходно е редовно да се прават превентивни ремонти, семта Сергеев. Рудникот „Северни“ припаѓа на категоријата рудници со висок ризик за уривање и ненадејно ослободување метан. Според Александар Сергеев, доколку во рудникот на време бил извршен превентивен ремонт, немало да се случи трагедијата.
1 декември 1997 година – несреќа во рудникот „Зирјановски“ (град Новокузнецк, Кемеровска област. Загинаа 27 лица. Причина: експлозија на метан.
18 јануари 1998 година – несреќа во рудникот „Центраљни“ (град Воркута, Република Коми). Загинаа 27 лица. Причина: експлозија на метан.
10 април 2004 година – несреќа во рудникот „Тајжина“ (град Осиники, Кемеровска област). Загинаа 47 лица. Причина: експлозија на метан.
19 март 2007 година – несреќа во рудникот „Уљјановски“ (Кемеровска област. Загинаа 110 лица. Причина: експлозија на метан поради прекршени правила на безбедност за време на изведувањето рударски работи.
8-9 мај 2010 – несреќа во рудникот „Распадски“ (Кемеровска област). Загинаа 91 лице. Причина: не е почитувана заштитата од запаливост на јаглена прашина, не се контролирани индикаторите за загревање на јаглен, снабдувањето со електрична енергија не било стабилно.
11 февруари 2013 година – несреќа во рудникот „Воркутински“ (град Воркута, Република Коми). Загинаа 19 лица. Причина: не се почитувани правилата за безбедност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче