Не треба да им се дава „големо значење“ на зборовите на Ал Асад

Виталиј Чуркин.

Виталиј Чуркин.

Ројтерс
Постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин во интервју за весникот Комерсант советува на определени изјави на сирискиот претседател Башар ал Асад да не им се дава „големо значење“. Имено, сирискиот претседател зборуваше дека е подготвен да војува до конечна победа. „Руска реч на македонски“ ги издвојува најважните изјави на високиот руски претставник во интервјуто.

За изјавите на Башар ал Асад

...Не треба да се придава големо значење на определени изјави и да се драматизира. ...Ова е моја лична оценка. На телевизија ја слушнав изјавата на претседателот Ал Асад (за решителноста да војува до конечна победа и за неможноста за почитување на примирјето)... Таа, секако, не е во согласност со дипломатските напори што ги презема Русија. Знаеме за Виенскиот процес и најновиот договор на меѓународната група за поддршка на Сирија во Минхен. Таму се вели за прекин на огнот и на борбените дејствија во блиска иднина. Сега се работи на тоа.

Сирискиот претседател и самиот дејствува во определен систем на политички координати. Мислам дека не треба да се ориентираме на она што тој зборува, со целосна почит кон изјавите на човек на толку висока функција, туку на она што тој на крајот ќе го направи.

Властите на Сирија имаат свое внатрешно политичко позиционирање и пропагандистичка линија на која треба да се придржуваат, но ако тие ја следат Русија и нејзината водечка улога во решавање на кризата, тогаш имаат шанса достоинствено да излезат од неа. Ако на некој начин скршнат од тој пат – и ова е повторно моја лична оценка – со тоа можат да предизвикаат мошне тешка ситуација која и ним ќе им биде тешка.

Што сака Русија да постигне во Сирија?

Прво, денес е најважно да се победи тероризмот. Придонесот на Русија во таа борба е мошне важен...

Второ, (ние очекуваме) на крајот тоа да резултира со политичко решавање на кризата. Ако ние не влеговме во Сирија со своите воздушно-космички сили, мислам дека ќе ги немаше оние позитивни дипломатски чекори што ги забележуваме. Претставниците на најнепомирливата опозиција што е поддржана од познатата група земји (Турција и Саудиска Арабија), според моја проценка, длабоко во душата беа убедени дека ќ го „докрајчат“ Дамаск. Тоа беше еден од факторите поради кој конфликтот трае подолго. Се надевам дека сега и тие, и сите кои ги поддржуваат, сфатија дека е потребно политичко решение. Американците веќе го сфатија тоа.

Зошто се инсистира на оставка на Ал Асад?

Ова барање потекнува од опозицијата. И тоа (инсистирањето за заминување на Ал Асад), секако, е една од грешките што ја направија нашите западни колеги кога започна сириската криза. Тие тогаш дејствуваа под влијание на „арапската пролет“. ...Ал Асад беше третиран како олицетворение на недемократски режим што треба да се смени. Во Сирија навистина започнаа нереди. Но, и руските експерти и нивните колеги од многу други земји кои се мошне добро упатени во оваа тема, зборуваа дека ваквата пресметка е премногу лекомислена, дека со оглед на структурата на сириското општество нема смисла да се бара претседателот туку-така да замени, и дека проблемот не е само во него. Од друга страна, и самиот Башар ал Асад и неговото опкружување покажаа определена цврстина. Така го добивме она што сега го имаме. Во контекст на сето споменато таму терористите почнаа да ја креваат главата.

Сега гледаме дека за сè се разговара со сосема поинаков тон. Крајно екстремно расположената опозиција и понатаму тврди дека Ал Асад треба да замине, и колку побргу го стори тоа, велат тие, толку ќе биде подобро. Но, Американците во последно време почнаа поинаку да го формулираат овој став. Тие велат дека Ал Асад треба да замине, но прецизираат дека ова прашање не треба да се форсира. А, вдокументите (на меѓународната група за поддршка на Сирија и во резолуцијата на Советот за безбедност на ОН) се вели дека Сиријците треба сами да се договорат во врска со ова прашање. Ние оваа тема воопшто не ја разгледуваме: како ќе се договорат Сиријците, така и ќе биде.

За можноста за избувнување глобален конфликт

Би сакал да се надевам дека нема да дојде до тоа. Ми се чини дека ситуацијата не се движи во правец на некаков глобален конфликт, во правец на „трета светска војна“ со учество на Русија, на Американците, на НАТО итн.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња