Чиј е Крим?

Севастопољ.

Севастопољ.

Lori / Legion-Media
Прашањето за тоа чиј е Крим сè уште ги става во недоумица некои компании и меѓународни организации: како да се прикаже оваа територија, а никој да не биде навреден? Едни одат од една до друга страна, други се обидуваат да го решат кримското прашање, создавајќи алтернативна историја, а некои прибегнуваат кон поитри начини. „Руска реч на македонски“ собра неколку јасни казуси од мапата.

Кока-Кола во ќор-сокак

Кон крајот на јануари во центарот на скандалот со мапата се најдоа компаниите Кока-Кола и Пепси, кои го обележаа Крим како дел од РФ на своите страници на социјалните мрежи. Полуостровот се појави и на новогодишната мапа на Русија на руската филијала на Кока-Кола. Нивните конкуренти, претставниците на Пепси, го направија истото со Крим на брошурата на својот сајт.

Реакцијата на Украина беше отсечна – обвинителството поднесе кривична пријава за вработените во компаниите за јавно признавање на незаконска анексија, а исто така и за злоупотреба на положбата.

Впрочем, сакајќи да избегнат конфликт со украинските власти, од централната канцеларија на корпорацијата веднаш се извинија и за настанот ја обвинија агенцијата која одговара за изработка на картата. Во Пепси појавувањето на Крим не го објаснија, ами само ја отстранија скандалозната верзија на мапата.

Press-photoPress-photo

Грешка во глагол

Уште еден кримски спор се случи помеѓу портпаролот на амбасадата на САД во Москва Вил Стивенс и портпаролот на амбасадата на РФ во Вашингтон Јуриј Мељников. Дипломатското препукување со саркастични коментари и преминот кон лични работи настана на Твитер, а сето тоа се случи поради картата-корица од 1951 година на американското списание Колиер. На неа е прикажана геополитичка карта на Европа (што би се случило доколку има Трета светска војна), на која Крим и Украина се окупирани од нацистите и, соодветно, се означени со иста боја. Псевдокартата беше објавена од официјалниот претставник на МНР на РФ Марија Захарова за да илустрира една сосема поинаква теза – приближување на НАТО кон крагиците на РФ. И ништо немаше да се случи доколку нејзиниот пост не го забележеше господин Стивенсон.

„Our colleagues @MID_RF have recognized the illegality of the attempted annexation of Crimea & returned it to Ukraine“ („Нашите колеги од @MID_RF ја признаа нелегитимноста на обидот за анексија на Крим и ѝ го вратија на Украина“), - напиша Стивенсон, а по него во дискусијата се вклучи Мељников. „Seriously?! It's the cover of Collier's on Oct 27, 1951. Map still inaccurate, but shows the attitude“ („Навистина? Ова е насловна на Колиер од 27 октомври 1951. Мапата не коректна, но го покажува однесувањето“), вели тој. Сепак, Стивенсон продожи да настојува на историската припадност на Крим на Украина, укажувајќи дека картата е од 1951 година. „Maybe they didn't teach you Soviet history in school? - 1954- Supreme Soviet returns Crimea to Ukraine“ („Можеби не ве учеле Советска историја на училиште? Во 1954 година врховниот суд го вратил Крим на Украина“). Своето познавање на советската историја тој го поткрепи со исечок од весник, кој датира од 1954 година. Само што, таму станува збор за предавање, а не за враќање на Крим, со оглед на тоа дека полуостровот бил дел од Русија од 1784 до 1954 година. Американскиот дипломат малку ги згрешил глаголите, на што му укажа неговиот руски колега: „Transfer, not return. Even Google translate gets it“ („Предавање, не враќање. Дури и Гугл-транслејт го разбира тоа“).

Присоединување на Крим, а и на Украина заедно

Најголемото недоразбирање е поврзано со американскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен. Тој не смао што го вклучи Крим во составот на Русија во програмата, ами и целата Украина. Картата што се појави на екранот прикажа една држава над која гордо беше прикажано руското знаме, веројатно за поголема надгледност, а водителот Џон Воз без да се збунуни ја водеше програмата. Стануваше збор за вест за ситуацијата во Украина, што повторно на западните гледачи им даде храна да размислуваат за руската интервенција.

Извор: CNNИзвор: CNN

Јандекс ги измами сите

А, рускиот прелистувач Јандекс излезе најитар и од самиот почеток реши дека Крим ќе се прикажува во зависност од тоа каде живее корисникот и каква е официјалната позиција на неговата земја. На украинскиот сајт Крим е вклучен во состав на Украина, а на рускиот во состав на Руската Федерација.

За да не навреди никој од клиентите во апликацијата, дури и им се предлага на корисниците самите да ги цртаат државните граници и да ги ставаат ваквите карти на своите сајтови.

Да се одделува Крим, да се присоединува или да се цртаат граници со пункција, како што е случајот со Абхазија, во зависност од земјата можност дава и Гугл. А, Националто географско друштво на САД изјави дека измените на картите не е признавање на статусот, ами приказ на ситуацијата во светот. „Ние ја прикажуваме картата де-факто, односно го прикажуваме светот каков што е, а не како што луѓето би сакале да го видат“, вели главниот географичар на друштвото Хуан Хозе Валдес.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња