Вечерата е сервирана

Getty Images
Минатата недела непознат сторител му фрли торта во лице на Михаил Касјанов, лидер на опозициската Партија на народната слобода (Парнас), додека тој вечераше во еден ресторан. Политичарот го поврзува нападот со заканите што тој ги добива од првиот човек на Чеченија Рамазан Кадиров. „Руска реч на македонски“ се сеќава и на други случаи кога руските политичари биле нападнати со храна.

1. Генадиј Зјуганов

Со што го гаѓаа: домати

Кој гаѓаше: левицата

Долгогодишниот лидер на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов беше подвргнат на напад од порадикалната левица кога во 2003 година одржуваше прес-конференција во Самара. Двајца младичи се приближија до сцената и фрлиjа на лидеорт на комунистите домат, а целата сала почна да фрла памфлети на Национал-бољшевистичката партија (во 2007 година беше евидентирана како екстремистичка и беше забранета – заб. ред.). Во текстот од памфлетите тие го нарекуваа Зјуганов „лажго“ и го обвинија дека „една негова чевла чини повеѓе од платата на наставниците“. Како што пишуваше „Комерсант-Самара“, телхоранителот го прикрил Зјуганов со своето тело, така што доматите само го испрскаа палтото на политичарoт, а напаѓачите брзо беа совладани од повозрасните активисти на КПРФ.

2. Владимир Жириновски

РИА НовостиРИА Новости

Со што го гаѓаа: кисела зелка

Кој гаѓаше: украинска новинарка

Во јануари 2013 година, една година пред конфликтот помеѓу Русија и Украина, Владимир Жириновски, политичар кој е познат по своите радикални изјави, говореше во Киев на прес-конференција. Настапот на лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, на кој Жириновски ја опишуваше ползата од сојузот со Русија, беше прекинат од новинарка која почна да го гаѓа со кисела зелка и да вика „Украинофоб! Долу шовинистите од Украина!“. Жириновски побара девојката да биде изведена од салата, а нејзините изјави дека не ја сака Украина ја искоментира на свој добро познат начин: „Таа е глупачка, јас никог не сакам и не сум обврзан да сакам“, го цитира политичарот изданието РБК.

3. Алексеј Наваљни

APAP

Со што го гаѓаа: јајца

Кој гаѓаше: непознати (според мислењето на Наваљни – провладини активисти)

Кога опозиционерот и основач на Фондот за борба со корупцијата Алексеј Наваљни допатува во Новосибирск летото во 2015 година со цел да ја промовира тукушто создадената „Демократска коалиција“ (обединети вонпарламентски опозициски партии), тој беше ненадејно нападнат. Утрото, додека Наваљни одеше на прес-конференција во локалниот Сојуз на новинари, неколкумина излегоа од зад аголот, фрлија по него јајца и избегаа. Политичарот на настанот изреагира со иронија: „Во градов сè е во ред со прехранбените производи, така што ги фрлаат и по улица“. Според Наваљни, ова било реакција на локалниот огранок на „Единствена Русија“ (партијата на власт).

4. Михаил Касјанов

Со што го гаѓаа: торта

Кој гаѓаше: непознати со „несловенска надворешност“

За разлика од останатите херои од текстов, лидерот на опозициската партија „Парнас“ Михаил Касјанов се судри со неочекуван напад во нејавна атмосфера. На 9 февруари 2016 година тој вечераше во еден од московските ресторани. Луѓето што Касјанов ги опиша како „луѓе со несловенска надворешност“, му се приближија и му фрлија голема торта во лицето, по што избегаа од ресторанот.

Касјанов настанот го пријавил во полицијата, а во коментар за РБК изјави дека настанот е поврзан со тоа што „Кадиров ми се заканува“. Една недела претходно првиот човек на Чеченија Рамазан Кадиров на својот Инстаграм постави видео каде под нишан на оптички митралез накратко се појавува Касјанов. Во московската полиција изјавија дека случајот „се истражува“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња