Можен ли е долготраен прекин на огнот во Сирија?

AP
„Руска реч на македонски“ разговараше со политичките аксперти за последните настани околу сириските преговори. Тие издвоија три различни сценарија за конфликтот во Сирија.

САД, Русија и други членови на меѓународната група за поддршка на Сирија се договорија за прекин на огнот во Сирија на една недела. Амбициозната одлука доаѓа по средбата на групата во Минхен на 11 февруари.

Доколку се почитува, прекинот на огнот може да доведе до пресвртница во сириската војна и до долгорочен политички договор. Сепак, колку ќе се придржуваат страните кон договорот треба допрва да се види.

„Руска реч на македонски“ поразговара со политичките експерти за договорот за прекин на огнот и за неговото влијание врз конфликтот во Сирија.

Можни се локални престрелки, не постои конечен договор

Дел од експертите сметаат дека ова може да биде долгорочен прекин на огнот, кој ќе се почитува на определени подрачја на линијата на фронтот. „Ова најверојатно нема да биде општ прекин, туку ќе се однесува на оние делови од земјата кадешто опозицијата е подготвена на преговори“, вели Николај Кожанов од московскиот Карнеги центар и експер на Московскиот институт за Блискиот Исток.

Експертите на прекинот на огнот не гледаат како на крајно решение. Иако договорот може да има позитивно влијание врз понатамошните преговори, значајни промени во Сирија не се предвидуваат во блиска иднина.

Локалните прекини на огнот не можат да доведат до долгорочен мировен процес. За да се случи тоа, страните од конфликтот мора да се надминат себеси во намерата за понатамошни престрелки. Ситуацијата нема да се измени доколку страните не престанат да го користат оржјето како средство за пазарење.

Престанокот на огнот може да доведе до конечен договор

Други експерти, пак, на прекинот на огнот гледаат како на директен пат до решавање на сириската криза. Тие подвлекуваат дека меѓународните играчи покажале подготвеност за компромис.

САД ги поддржаа сириските Курди и покрај критиките на Анкара. „Претседателот Обама кој наскоро ќе ја напушти својата позиција, сака својот мандат да го заклучи со значаен надворешнополитички успех, а тоа значи убедливи чекори во решавањето на сириската криза“, вели Владимир Сотник, водечки истражувал при Одделението за Блиски Исток на Институтот за ориенталистика при Руската академија на науките.

Максим Сучков од Рускиот совет за меѓународни односи ја гледа истата посветеност и од руската страна. Неодамнешните воздушни напади од страна на Москва не се случија за да ја искомплицираат ситуацијата, туку „за да ја доведеат воената операција до побрз крај и за да го претворат конфликтот во политички дијалог“, вели експертот.

Иако не е реално да се очекува од сите страни да го поддржат прекинот на огнот, договорот помеѓу најголемите членови на групата за поддршка на Сирија ќе се обиде да обезбеди дологрочно смирување, велат експертите. Доколку ова се случи, руското раководство ќе ја разгледа можноста за повлекување на воздушните сили од Сирија, сметаат дел од експертите.

Во блиска иднина не е можно запирање на огнот

Оние со попесимистички погледи на ситуацијата сметаат дека нема да дојде до прекин на огнот и дека ќе продолжи политичката несигурност. „Русија и Иран се повеќе заинтересирани за обезбедување дополнителни придобивки на земја ... отколку да ја прекинуваат својата територијална предност“, вели Симон де Жалбер, почесен член на Центарот за стратешки и меѓународни истраживања. Иако експертот се согласува дека прекинот на огнот „е понеопходен од кога и да е“, тој не гледа дека вакво нешто е возможно.

Со спротивно мислење е Владимир Сотников од Институтот за ориенталистика, кој смета дека бројните вооружени групи кои се борат против режимот на Ал Асад одвоено од обединетата сириска опозиција се главната пречка за обезбедување на долготраен мировен договор.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња