Министрите на одбрана на Литванија, Полска и Украина.
APПолска, Литванија и Украина планираат до јануари 2017 година да создадат заедничка бригада од четири илјади војници, соопштува изданието Defense News. Меѓународната воена единица во полскиот град Лублин се формира во контекст на сé поголемата загриженост поради развојот на воената моќ на Русија.
Бригадата носи назив LitPolUkrBirg, а нејзината официјална намена ќе биде учество во мировни операции. Договорот за формирање нова бригада го потпишаа трите земји (Литванија, Полска и Украина) уште во септември 2014 година во Варшава. Штабот во Лублин беше отворен на 25 јануари 2016 година. На церемонијата на отворањето учествуваа министрите на одбрана на овие земји Јуозас Олекас, Антони Мацаревич и Степан Полторак.
Според изјавата на литванскиот министер Јуозас Олекас, „штабот ќе го зацврсти партнерството на нашите земји и соработката меѓу нашите воени ресори. Освен тоа, бригадата се вклучува во одбраната на ова подрачје и во заштитата на меѓународните граници“.
Со отпочнувањето на овој проект Украина добива нови можности за обука на војници според стандардите на НАТО, со оглед на тоа дека Полска и Литванија се веќе членки на оваа алијанса.
Владимир Евсеев, раководител на одделот за енроазиска интеграција и развој на Шангајската организација за соработка при Институтот за проучување на Заедницата на независни држави, се сомнева дека новоформираната единица навистина може да биде ангажирана во која било акција.
„Тие немаат намера да војуваат, туку да ја одвраќаат Руската Федерација. Разни држави се обидуваат да формираат некакви заеднички воени единици. Ваквите обиди имаат смисла доколку постојат заеднички задачи. Но, тука повеќе се работи за реторика, за желба да се поддржи Украина. Би било несериозно да се зборува за практична примена на ваквите единици“, додава тој.
Претходно министерот за одбрана на Украина Сепан Полторак соошти дека во штабот веќе работат 18 офицери на украинската армија и дека на почетокот од 2016 година започнува нивната практична обука. Освен тоа, планирано е во Лавовската област во Украина наскоро да биде изведена тространа воена вежба на припадниците на оваа бригада.
Статијата на руски јазик на сајтот на Газета.Ru.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче