Често се мисли дека смртноста во Русија е поголема од наталитетот. Оваа заблуда ги има своите корени во претходниот период. Имено, во деведесеттите години од минатиот век бројот на населението навистина се намали во голем степен, и ваквиот тренд траеше речиси една деценија. Пописите на населението воошпшто не влеваа оптимизам. Но, тоа беше порано. Денес веќе сосема објективно може да се констатира дека граѓаните на Русија се многу поревносни кога станува збор за зголемувањето на наталитетот. Имено, коефициентот на природниот прираст на населението во 2014 година изнесува 0.2%. Родителскиот инстинкт е стимулиран и со државната програма за исплата на мајчин додаток за секое второ и за секое наредно дете.
Русите добија репутација на народ што најмногу пие. Но, и покрај ваквото мислење, статистиката вели дека во светот не постои народ кој според консумирањето алкохол би бил убедливо на прво место. Секоја година некоја друга земја трескавично „се бори“ за титулата шампион, а Русија секогаш излегува од играта „flip cup”. Пред неа се Литванија, Естонија, Франција, Чешка... Ова е само почеток на списокот.
Почитувани пушачи, не се занесувајте со неограничената слобода во врска со ова прашање. Таа е само привидна. Најдобро за време на својот престој во Русија да заборавите на оваа штетна навика. Од 1 јуни 2013 година во Русија е на сила законот против пушење, со кој се забранува пушењето на посетените јавни места.
Убаво звучи, но не е вистина. На врвот на листата на земји со најниска цена на бензин се Венецуела, Либија и Саудиска Арабија. Русија е дури на 9 место.
Секако дека смеете. Уставот на Руската Федерација ја гарантира слободата на говорот. Слободно можете да излезете и да викате колку што ве држи гласот. За волја на вистината, доколку не сте сам во оваа акција, треба да имате предвид дека за организација на митинг или за јавно собирање постои еден задолжителен услов, а тоа е поднесување пријава за јавна улична акција и добивање дозвола за истата од органите на извршната власт на определениот субјект на Руската Федерација. Според тоа, убаво поднесете пријава, па кога ќе добиете дозвола слободно извикувајте пароли против кого сакате.
Ова е шега која одеднаш се појави и брзо се прошири на Интернет. Вакво нешто официјално не е потврдено. На поединци им е дури и малку жал што ова е само нечија измислица. Ваквиот случај би бил вистинска „гозба“ за оние што бараат леб и игри.
Не треба баш толку да се претерува. Пивото и во Русија е алкохолен пијалак. Згора на тоа, руските возачи не смеат да испијат ниту една чаша пиво пред да седнат зад воланот, што не е случај во другите земји. Во Русија на возачите им е дозволено да имаат само 0.3 промили алкохол во крвта. Оваа вредност е речиси еднаква на нула. Воведена е само за да не дојде до грешка за време на мерењето доколку сте голем љубител на квас или на кефир (кои во траги содржат алкохол). Како што гледате, руските закони немаат воопшто толеранција за возачите што консумираат алкохол во какви било дози.
Вистина е дека Русија има многу нафта (поради што многумина ѝ завидуваат), но погрешно е мислењето дека економијата на Руската Федерација се засновува на експлоатацијата на нафта. Во структурата на бруто националниот приход нафтата е само додаток. За волја на вистината тоа е добар додаток. Но, постојат и други сектори на економијата што не може да не се земат предвид: трговија (18.4%), финансии и услуги (17.5%), преработувачка индустрија (15.6%), државна управа, образование, здравство и воена безбедност (13.6%). Експлоатацијата на рудните богатства е дури на четврто место (според податоците за 2014 година).
Русија е мултинационална држава. На нејзината територија живеат над 190 народи. Сите тие претставуваат самојстојни етнички заедници, и сите грижливо ги чуваат својот идентитет и својата традиција. Можеби не би боло лошо и самите да се уверите во тоа во рекот на следниот одмор, а? Сте чуле ли за номадските школи? Можете ли да си замислите живот во сибирски колиби? Знаете ли како се соли месо од ирвас? Самите Руси велат дека понекогаш обиколката на Русија е мошне понеобична и поегзотична од патувањата во странство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче