5 парадокси на руското јавно мислење

PhotoXPress
Понекогаш социолошките анкети покажуваат парадоксални резултати. На пример, зошто Русите се чувствуваат посреќни кога стануваат посиромашни. Или: мнозинството велат дека се православни верници, но никогаш не одат во црква, па дури не чувствуваат и дека е потребно да веруваат во Бога.

1. Сиромашен, но среќен

Економската криза не ги увери Русите дека во нивниот живот се дојдени „црни денови“. Можеби тие се дојдени до економското дно, но Русите оттаму уверено ја протегаат шијата нагоре, се насмевнуваат и велат дека се посреќни од кога и да е. Имено, се доаѓа до ваков заклучок со оглед на два индекса – потрошувачката увереност и среќата. Според резултатите од четвртиот квартал на 2015 година потрошувачката увереност се симна на минус 26 отсто, а тоа е најлош показател од 2000 година. А, доколку не се земе предви дека станува збор за една четвртина од годината, може да се види дека за 16 години полошо било само во текот на кризната 2009 година, а исто така и по девелвацискиот шок од почетокот на 2015 година.

Не чувствувајќи го негативното влијание од кризата на сопствениот џеб, граѓаните не брзаа да го признаат нејзиното постоење. Како што покажуваат анкетите на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ), на првата половина на 2015 година луѓето гледаа како се намалуваат приходите и како расте инфлацијата, но во исто време јакнеше нивната увереност дека најлошто е зад нив. Сега тие се уверени дека кризата е сериозна и дека ќе трае долго. Но, имено во едно вакво сложено време, индексот на среќата според податоците на ВЦИОМ го достигна историскиот максимум – 70% од анкетираните сметаат дека се среќни. Овој парадокс социолозите го објаснуваат со обид да се компензира надворешната негативност: треба да си кажеш себеси и на оние што те опкружуваат дека си среќен, па можеби и животот ќе стане попријатен.

2. Одлуки што лесно се носат

Односот кон воените операции може кардинално да се измени за само... две недели. Кон средината на септември 2015 година против поддршката на Сирија се изјасниле 69% од анкетираните од страна на “Левада-центарот“, но веќе на почетокот на октомври 72% од Русите ја поддржале одлуката на претседателот Владимир Путин за воена акција врз позициите на терористите од Исламската држава (организација забранета во Русија – заб. ред.) во Сирија. Исто така, мнозинството од анкетираните кои ги одобруваат возудшните напади, не разбираат на чија страна е Русија и кој со кого и за што војува. Довербата што му се дава на руското раководство, заедно со целосната апстрахираност од ситуацијата на Блискиот Исток е парадокс., но во исто време и одличен пример на ефектот на „претседателот подобро знае“ и на желбата за „мала победоносна војна“.

3. Православн, но во Бога не верувам

Анкетата на фондацијата „Јавно мислење“ покажува дека бројот на оние што се изјаснуваат како православни изнесува 72% од руското етничко население. Но, само 4% од жителите на Русија постојано одат во храмовите и земаат учество во религиозните ритуали. Згора на тоа, 60% од православните не се сметаат за религиозни, и околу 30% од оние што се нарекуват себеси православни верници, воопшто и не веруваат во постоењето на Бога.

Како е можно ова? Едноставно зборовите „православен“ и „Русин“ во времињата на трагање по позитивен национален идентиотет во главите на луѓето станаа синоними. Па, така тврдењето „јас сум православен“ не секогаш подразбира религиозност и вцрковеност.

4. Да се откажеш од нешто што си го немал

Во декември 2015 година „Левада-ценатрот“ дојде до сознанија дека мнозинството Руси (околу 70%) решиле да се откажат од патувањата во странство од безбедносни причини. Патувањата надвор од границите во последно време стана мошне опасно и треба да се прекине таквата практика – ова е одговорот на половината од анкетираните. Но, потоа излегува дека 35% од анкетираните во последниве пет години ниту еднаш не ја напуштиле Русија. Изгледа дека на тој начин им е полесно да се откажат...

5. Хороскопот е поискрен од Интернетот

Прекрасниот свет на надреалното и на паранормалното им е поблизок на Русите одошто глобалната мрежа. Судејќи според социолошките анкети, на Русите им е полесно да поверуваат во суеверија и во крајот на светот, одошто на Интернет-медиумите и на социјалните мрежи. Во ѓаволската сила веруваат 40% од Русите, но на вестите од Интернет само 5%, а 20 отсто делумно веруваат, но претпочитаат да „проверат“ на телевизија. Притоа во Русија не веруваат исто во сите појави и суштества од алтернативните светови. „Најдоверливи“ се суеверијата и хороскопите. А, во традиционалните херои од холивудските блокбастери – вонземјани и змоби – веруваат само 6, односно 2%.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња