Што може да научиме од животинското пријателство?

Јуриј Шмитјук / ТАСС
Во последниве неколку недели сиот свет го следи пријателството помеѓу тигарот Амур и јарецот Тимур кој наместо добар ручек, стана најдобар пријател на големиот грабливец.

Во сафари-паркот во Приморскиот крај на Русија каде живеат овие неразделни пријатели наскоро ќе бидат поставени веб-камери за оние што се заинтересирани да можат да го следат односот помеѓу нив. „Руска реч на македонски“ ви раскажува за ова несекојдневно пријателство од кое може многу да се научи.

1. Првиот чекор

Извор: Јуриј Шмитјук / ТАССИзвор: Јуриј Шмитјук / ТАСС

Прво на што треба да се обрне внимание е храброста на јарецот Тимур. Изгледа дека тој не ни помислил дека кај тигарот е доведен како жртва. Претприемливоста, смелоста и комуникативноста на Тимур направија во целост да се смени сценариото на неговиот однос со Амур, кој од гастрономски прерасна во пријателски.

2. Љубопитност и отвореност кон нови искуства

Извор: Јуриј Шмитјук/TAССИзвор: Јуриј Шмитјук/TAСС

Подготвеноста за нови познанства и за нови искуства беше појдовната точка за ова прекрасно пријателство. Тоа се случи благодарение на љубопитноста и на заемниот интерес што овие животни го покажаа еден кон друг.

3. Дрскост

Извор: Јуриј Шмитјук/TAССИзвор: Јуриј Шмитјук/TAСС

Без излишни формалности јарецот Тимур својот пријател го избрка од неговото вообичаено место за спиење. Откако го зазеде местото за одмор на својот ригест пријател, јарецот ужива во улога на домаќин, додека тигарот спие на „горниот кревет“, на покривот од својата куќа, а преку ден бара место за одмор некаде на територијата на сафари-паркот.

4. Толерантност

Извор: Јуриј Шмитјук / ТАССИзвор: Јуриј Шмитјук / ТАСС

Слободољубивиот тигар Амур секојдневно мора да ја дели територијата со својот довчерашен несуден ручек, кој во паркот ја зазеде позицијата на полноправен газда. Секако, тоа не може да помине без повремени напади на хистерија, но сè на сè изгледа дека Амур сосема успешно се справува со своите емоции.

5. Проштевање

Извор: Јуриј Шмитјук / ТАССИзвор: Јуриј Шмитјук / ТАСС

Доколку Амур не му обрнува внимание на Тимур, јарецот кој во тие моменти е осуден на самотија, воопшто не е навреден од ваквото однесување на својот пријател. Тој грижливо го чува сонот на својот најдобар другар.

6. Отсуство на предрасуди

Извор: Јуриј Шмитјук / ТАССИзвор: Јуриј Шмитјук / ТАСС

Од љубовта до омразата има само еден чекор. Тимур и Амур се пример за тоа дека овој животен закон функционира во двата правци. И тоа се случува: природните непријатели станаа најдобри пријатели.

Се надеваме дека нема да дојде трансформација во спротивната насока и дека јарецот од пријател нема повторно да стане ручек.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња